Кој орган во нашето тело е најдолговечен, а кој најрано старее?

Човечкото тело е феномен од многу аспекти, почнувајќи од самата физиологија, па се до фактот дека не сите органи подеднакво стареат.

koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree-01.jpg

Биолошкото стареење е препознатливо најпрво по кожата, што е всушност и физички видливо. Но, внатрешните органи може да почнат да стареат долго пред да се појават првите брчки на челото и белите влакна во косата.

На пример, белите дробови стареат по навршувањето на 20-тата година, но тоа се случува доста бавно, па проблемите со губење здив и отежнато дишење не ги забележуваме сè до 40-тата.

Мозокот почнува да старее во исто време како и белите дробови. Со самото излегување од адолесценцијата, па се до 40-тата година, губиме во просек по 10.000 нервни клетки дневно. Токму поради тоа возрасните и старите имаат послаба координација и лоша меморија.

koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree-02.jpg

Кожата почнува да губи од еластичноста после 25-тата година, додека мускулите заслабнуваат по 30-тата.

Кај жените, градите започнуваат да стареат по 35-тата година, кога губат од волуменот, а ареолите околу брадавиците се шират.

Коските губат од цврстината по 35-тата година, кога е потребно да почнете со земање суплементи со калциум, но забите почнуваат да „стареат“ по 40-тата година од животот.

koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree-03.jpg

Очите и срцето стареат по 40-тата година, додека пак бубрезите по 50-тата година. Слухот заслабнува околу 55-тата година, но и цревата и целиот дигестивен систем.

Дури по 60-тата година се нарушува сетилото за мирис. Околу 65-годишна возраст се менува гласот поради промените во гласните жици. Во истиот период заслабнуваат и сфинктерите на мочниот меур, што особено е изразено кај жените во менопауза, кои потешко издржуваат со полн мочен меур.

Најдолговечниот орган во нашето тело е црниот дроб, кој во просек почнува да старее во 70-тата година од животот или пак, кај многумина функционира правилно доживотно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg