Лекции за водење балансиран живот на кои може да нè научат Јапонците

Јапонците се вреден и културен народ кој секогаш остава впечаток каде и да се појави, а последно беше на Светското првенство во Русија, кога по натпреварот останаа да ги чистат трибините.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-01.jpg

Покрај тоа, тие имаат многу интересни животни принципи заради кои водат балансиран и среќен живот.

Јапонците се едноставни и практични, а може да ве научат на многу животни лекции кои ќе ви бидат од корист за во иднина.

Во продолжение погледнете неколку принципи кои треба да ги практикувате за да си го подобрите животот:

Следете ги правилата

Јапонците го следат редот секогаш и секаде. Никогаш нема да ги видите да се туркаат еден во друг во продавници или транспорт. Дури и ако на станиците за превоз има стотици луѓе, повторно нема да забележите хаос, туку колона од луѓе кои културно чекаат и си го почитуваат личниот простор.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-02.jpg

Одржувајте ја планетата чиста

Јапонците имаат одличен систем за отпад, кој почнува од селектирање на отпадот дома, а може да се каже дека во некои делови од земјата тоа не е воопшто едноставно и има многу правила.

Плус, освен дома, тие се грижат за отпадот и во околината, па така на Светското ги чистеа трибините, а често може да се забележат како се собираат во друштво и го собираат отпадот од населбите.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-03.jpg

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-04.jpg

Барајте ред и хармонија во сè

Јапонците бараат хармонија буквално секаде – од комуникација до организирање на предмети.

Тие веруваат дека хармонијата во предметите и организацијата на просторот, носи хармонија во умот и душата на човекот.

Токму затоа, на оваа фотографија, жените темелно го проверуваат редот на шолјите кои треба да се во иста линија.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-05.jpg

Забавувајте се како никој да не гледа

Во Јапонија забавувањето е исто толку важно како напорната работа. Караокето е еден од најдобрите начини да се ослободите од стресот по долг работен ден, но може да правите што сакате и како сакате, само доколку вас ве прави среќни.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-06.jpg

Бидете културни

Јапонската култура се базира на љубезност и културно однесување, а има безброј начини да бидете такви – од манири на маса и гестикулации до користење одредени зборови кога разговарате со други.

Концептот за културно однесување се поврзува со почит, посебно кон повозрасни лица, наставници, шефови, гости и клиенти.

lekcii-za-vodenje-balansiran-zhivot-na-koi-mozhe-da-ne-nauchat-japoncite-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg