10 знаци дека си го трошите животот на погрешни работи
Зависни сте од телефонот
Живееме во брзо и модерно време и за многу работи се потпираме на мобилниот телефон. Но, кога немате потреба од истиот, се фаќате себеси како дремете и поминувате часови и часови драгоцено време повторно со истиот.
Прочитајте книга, изгледајте добар филм, спортувајте или едноставно дружете се. Неколку часа заборавете дека имате мобилен телефон. И онака ви ги затапува сетилата.
Трошите пари на непотребни работи
Постои голема разлика помеѓу потреба и желба. Да, понекогаш е добро да се разгалиме со некоја мала ситница, но без претерување. Доколку застанете и размислите, ќе сфатите дека голем дел од работите кои ги купувате навистина не ви се приоритет и потреба.
Само исполнување празни желби и каприци кои не нè прават вистински среќни. Направете мали промени. Употребете го „Правилото 3“ – доколку и после 3 дена имате силна желба и потреба за нештото, купете го. Доколку желбата се намалила или одминала, значи дека сте жртва на импулсивно купување и непотребно трошење пари.
Не спиете доволно
Добриот сон е клучен за здравјето. Доколку имате навика да останувате до доцна во ноќта приковани пред мониторот и да преспивате добар дел од денот, време е да си ги преиспитате и промените навиките.
Не водите грижа за своето тело
Тука не се подразбира само физичка активност која ќе ви донесе само добро обликувано тело. Зборуваме, пред сè, за здраво тело кое е во хармонија со умот.
Покрај редовна физичка активност ова подразбира и здрав режим на исхрана, витамини и минерали, како и одреден вид медитација за умот.
Не излегувате од својата комфорна зона
Упорно се држите за истата дневна рутина, иако се покажува токсична за вас. Не преземате ниту најмал ризик од никаков аспект. Страв ви е од промени, иако се сосема нормални, дури и пожелни за подобар живот.
Следниот пат кога некој ќе ве покани некаде каде што не сте биле порано или ви се нуди можност да искусите нешто што не сте го доживеале, силно зграпчете ја можноста.
И искористете ја. Животот и онака е премногу краток за да се живурка во монотонија.
(О)Милена | Црнобело