Бон тон правила кои треба задолжително да ги почитувате при патување

Бидете подготвени да го дадете седиштето

Не мислиме на тоа кога вие сте си резервирале седиште однапред, а некој тоа го сторил во последен миг, туку во ситуации кога некое семејство е разделено во авионот, а гледате дека сакаат да седат едни до други.

Не консумирајте храна со силен мирис при патувањето

Навистина нема потреба да консумирате брза храна, сендвичи со туна или пак со варени јајца за време на патувањето. Размислете за комфорот на другите.

bon-ton-pravila-koi-treba-zadolzitelno-da-gi-pochituvate-pri-patuvanje-05.jpg

Намалете го гласот на телефонот

Телефонот не смее да ви ѕвони постојано и да ви стигнуваат нотификации на секои 2 минути. Исто така, внимавајте и на тонот на музиката која ја слушате преку слушалки.

Ако спиете, не им пречете на другите

Во ред е ако сте земале ортопедско перниче и сакате да одморите, но навистина немате право комплетно да го спуштите седиштето во скутот на патникот зад вас за убаво да се наспиете.

bon-ton-pravila-koi-treba-zadolzitelno-da-gi-pochituvate-pri-patuvanje-04.jpg

Внимавајте на водениот чадор

Во турканицата вашиот воден чадор закопчајте го и држете го блиску до вас. Исто така, нека биде ниско до земја за да не капе на чевлите на другите патници.

Не разменувајте нежности во јавен превоз

Бабичката до вас навистина нема потреба да гледа како се стискате и бакнувате со партнерот.

bon-ton-pravila-koi-treba-zadolzitelno-da-gi-pochituvate-pri-patuvanje-03.jpg

Симнете го ранецот од рамениците

Кога влегувате во средство за јавен превоз симнете го ранецот од грбот и држете го пред вас во раце. На овој начин ќе ви бидат пред очи личните работи, плус нема да ги туркате луѓето околу вас.

Не навлегувајте во просторот на другите луѓе

Не смеете да ги протегнувате нозете и да ги ставате рацете во просторот на луѓето околу вас. Како што вам ви е некомфорно долгото патување, така им е и ним.

Истото важи и кога читате весници и книги.

bon-ton-pravila-koi-treba-zadolzitelno-da-gi-pochituvate-pri-patuvanje-02.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg