Бон тон правила кои треба задолжително да ги почитувате при патување
Бидете подготвени да го дадете седиштето
Не мислиме на тоа кога вие сте си резервирале седиште однапред, а некој тоа го сторил во последен миг, туку во ситуации кога некое семејство е разделено во авионот, а гледате дека сакаат да седат едни до други.
Не консумирајте храна со силен мирис при патувањето
Навистина нема потреба да консумирате брза храна, сендвичи со туна или пак со варени јајца за време на патувањето. Размислете за комфорот на другите.
Намалете го гласот на телефонот
Телефонот не смее да ви ѕвони постојано и да ви стигнуваат нотификации на секои 2 минути. Исто така, внимавајте и на тонот на музиката која ја слушате преку слушалки.
Ако спиете, не им пречете на другите
Во ред е ако сте земале ортопедско перниче и сакате да одморите, но навистина немате право комплетно да го спуштите седиштето во скутот на патникот зад вас за убаво да се наспиете.
Внимавајте на водениот чадор
Во турканицата вашиот воден чадор закопчајте го и држете го блиску до вас. Исто така, нека биде ниско до земја за да не капе на чевлите на другите патници.
Не разменувајте нежности во јавен превоз
Бабичката до вас навистина нема потреба да гледа како се стискате и бакнувате со партнерот.
Симнете го ранецот од рамениците
Кога влегувате во средство за јавен превоз симнете го ранецот од грбот и држете го пред вас во раце. На овој начин ќе ви бидат пред очи личните работи, плус нема да ги туркате луѓето околу вас.
Не навлегувајте во просторот на другите луѓе
Не смеете да ги протегнувате нозете и да ги ставате рацете во просторот на луѓето околу вас. Како што вам ви е некомфорно долгото патување, така им е и ним.
Истото важи и кога читате весници и книги.
С. С. | Црнобело