Бебиња, кученца: 6 причини зошто луѓето обожаваат мали и слатки нешта

Постои научна основа зошто реагираме со љубов и нежност кон мали и слатки нешта, било да се тоа животни, дечиња или некои предмети.

6-prichini-zoshto-lugjeto-obozhavaat-mali-i-slatki-neshta-01.jpg

Навистина, такви реакции почесто имаме кон мали мачиња или кученца, бебиња, мали чашки, ситни колачиња и слично, отколку кон нешта кои се физички големи. И се чини дека истиот ефект важи речиси врз сите луѓе.

Ова се некои од причините за тоа:

1. Ние природно сме програмирани да се грижиме за некого

Сите живи суштества кои имаат карактеристики на бебиња предизвикуваат родителска настроеност. Тоа, всушност, е желбата да заштитуваме и да помогнеме некому да преживее.

2. Малите суштества нè прават повнимателни

Колку нешто ни изгледа помало и поранливо, толку повеќе внимание вложуваме во неговата заштита. Тоа е првичниот родителски инстинкт кој го има мајката, но се манифестира и кога ќе најдеме, на пример, напуштено или бездомно животинче на улица.

6-prichini-zoshto-lugjeto-obozhavaat-mali-i-slatki-neshta-02.jpg

3. Сметаме дека не можат да нè повредат

Со самото тоа што се мали, не се плашиме од децата или ситните животинчиња. Иако во некои случаи тоа е сосема погрешно, многу често луѓето ја интерпретираат слатката појава како беспомошност.

4. Секогаш сакаме играчки, без оглед на возраста

Мали колички, мали куклички, мали сетови за готвење, мали мечиња... Колку и да сме големи, секогаш ќе останеме приврзани за игрите од детството. Исто така, затоа што играчките се наменети за деца, а децата се слатки и играчките ги гледаме како слатки.

6-prichini-zoshto-lugjeto-obozhavaat-mali-i-slatki-neshta-04.jpg

5. Сакаме да контролираме

Со помош на играчките или со негата на милениците, успеваме да избегаме во реалноста и да се проектираме во друга реалност каде ние сме тие што се главни. Секако, кога си играте, вие одлучувате што ќе правите со играчките.

Постојат наводи за терапија со куќички за кукли, кога пациентите успевале да се соочат со сериозни проблеми само поради тоа што им било дозволено самите да креираат и одлучуваат.

6. Имаат комплексност која нашите мозоци ја обожаваат

Минијатурните верзии на нештата се воодушевувачки. Тие ги имаат сите детали како и големата верзија, а нашиот мозок со почит гледа кон намалениот предмет кој ги содржи сите потребни информации.

6-prichini-zoshto-lugjeto-obozhavaat-mali-i-slatki-neshta-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg