Што треба, а што не е препорачливо да напишете на вашиот багаж?

Доколку често патувате, сигурно сте свесни дека губењето на багаж на аеродром или автобуска станица не е ретка случка.

shto-treba-a-shto-ne-e-preporachlivo-da-napishete-na-vashiot-bagazh-01.jpg

Токму поради тоа постојат и приврзоците за означување на вашиот багаж. Но, што треба да пишува на нив?

Сигурно инстинктивно ви доаѓа да ги оставите сите можни податоци на ознаката, но не правете го тоа. Доволни се вашето име и презиме, меил-адресата, телефонскиот број и местото на живеење.

Доколку ја оставите и домашната адреса, ризикувате лесно да станете цел на несакани посетители. Доволно е да ја запишете адресата на автобуската станица или аеродромот во вашиот град, па оттаму да бидете исконтактирани за да го подигнете багажот.

shto-treba-a-shto-ne-e-preporachlivo-da-napishete-na-vashiot-bagazh-03.jpeg

Кога патувате во странство, избегнувајте да лепите на куферот налепници со кои ја идентификувате вашата националност. Држете ја ознаката затворена, за вашите податоци да не бидат изложени на љубопитните очи на вашите сопатници.

Пред да тргнете, фотографирајте го својот куфер и запишете ги неговите димензии. Имајте подготвен драфт од пораката која би ја пратиле до аеродромот и компанијата со која летавте доколку сепак дојде до губење на вашиот багаж. 

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg