11 работи кои генетски ги наследуваме од родителите
Гени против т.н. хронична планинска болест
Еден од главните проблеми на животот на голема надморска височина е нискиот атмосферски притисок. Тоа доведува до недостаток на кислород во телото. Кај човек, кој цел живот живеел на рамнина, а потоа се искачува на планина бројот на црвени крвни клетки ќе се зголеми, а со тоа и дотокот на кислород. Но, променетиот состав на крвта може да доведе до срцеви заболувања и да се развие т.н. хронична планинска болест.
Кај Шерпасите од Источен Непал на пример, телото се соочува со недостаток на кислород без негативни последици за кардиоваскуларниот систем. Тоа е адаптација на надморска височина што е генетски условена.
Долговечност
Покрај здравиот начин на живот без пушење и консумирање на алкохол, на долговечноста влијаат и гените.
Типичните болести на старите луѓе како дијабетес и срцеви заболувања се јавуваат подоцна кај луѓето кои имале долговечни предци.
Потење
Звучи чудно, но некои гени се виновни за тоа колку личноста се поти.
Ако се потите претерано и постојано, размислете дали тоа сте го наследиле од родителите.
Кратковидост
Кратковидите луѓе имаат поголема веројатност да имаат кратковиди деца. Болестите на очите се пренесуваат од генерација на генерација.
Предиспозиции за дебелеење
Дури 70% од вашата склоност кон дебелеење може да зависи од гените. Се разбира, од ова правило има исклучоци.
Но, ако наследите вакви гени од родителите тогаш согорувајте повеќе калории отколку што внесувате и ситуацијата ќе се подобри.
С. С. | Црнобело