11 работи кои генетски ги наследуваме од родителите
Дали сте помислиле некогаш дека тоа што многу избувнувате и носите импулсивни одлуки може да е резултат на вашето генетско наследство?
Научниците не можат точно да одредат како гените влијаат врз личноста, а како околината и начинот на растење. Но, сепак се свесни дека гените влијаат во голема мера.
Работи кои можете генетски да ги наследите од родителите:
Импулсивност
Иако не постои конкретен ген кој е носител на карактерната особина импулсивност, сепак пронајдени се неколку такви кои може да влијаат на тоа.
Се разбира, покрај генетската ситуација на ова влијае и тоа дали живеете со родители кои импулсивно реагираат, па вие го следите нивниот пример.
Проблеми со спиење
Причините за хиперсонија (зголемена поспаност во текот на денот), инсомнија или паразомија (нарушувања на спиењето) се наоѓаат во нашите гени.
Се разбира, краткорочно на состојбата може да влијаат стресот и напнатоста, но ако станува збор за долгорочна состојба, тогаш гените се виновни.
Агресија
Покрај околината и лошата едукација, некои луѓе генетски се преодредени да бидат „воинствени“.
Откриен е ген кој предизвикува луѓето да се многу концентрирани на своите сопствени интереси, па со тоа се поагресивни за да ги заштитат и подготвени се да преземаат ризици во име на тоа.
Рефлекс за кивање
18 до 35% од луѓето имаат рефлекс кој прави да кивнат кога мрежницата на очите ќе им ја иритира силна светлина.
Истражување од 2010 година покажа дека два гени се виновни за ова.
Искривување на малиот прст
Медицинската состојба „clinodactyly“, при која доаѓа до искривување на малиот прст, се пренесува на децата генетски.
Ако искривувањето е мало, тогаш не прави проблем, но ако е големо и пречи при работа, тогаш потребна е хируршка интервенција.
Форма на ушните школки
Научниците тврдат дека постојат гени кои прават детето да ја наследи формата на ушната школка од родителите.