Зошто некои луѓе се „послатки“ на комарците отколку други?

Реакцијата на убодот од комарец е индивидуална за секого, но сигурно е и дека самите комарци не ги сакаат сите луѓе подеднакво.

zoshto-nekoi-lugje-se-poomileni-na-komarcite-otkolku-drugi-01.jpg

Феноменот на обожавање на одредени личности од страна на комарците е доста чест, а ова е еден од ретките случаи кога на луѓето баш и не им одговара да бидат сакани од некого.

Во светот постојат над 3.000 видови комарци кои касаат луѓе. Некои се сосема безопасни, додека пак други пренесуваат заболувања како зика и маларија.

Но, она што е интересно во светот на комарците е дека се навистина пребирливи кога треба некого да каснат. И додека едни се среќни што комарците ги заобиколуваат, други поминуваат со неколкудневно чешање, а трети добиваат и трајни белези.

zoshto-nekoi-lugje-se-poomileni-na-komarcite-otkolku-drugi-02.jpg

Дали постои нешто што ги привлекува комарците кон вас?

Науката нема цврсти докази околу оваа проблематика. Сепак, некои истражувања покажале дека луѓето кои имаат потенка кожа и површински крвни садови, кои се потат, но и кои јадат храна со лук и оцет, повеќе ги привлекуваат комарците.

Исто така, тие се привлечени и од хемиските испарувања од нашите тела. Поради работата на метаболизмот, во зависност од храната, телото добива специфичен мирис, што во комбинација со непатогените микроорганизми на површината на кожата, ве прави примамливи (или одбивни) за комарците.

Кога потта ќе се измеша со микробите и честичките на нашата кожа, создаваме уникатен печат според кој комарецот препознава дали би му биле вкусен плен или не. Така, може да се заклучи дека не ги привлекуваме со физички изглед или карактер, туку со тоа што го имаме на кожата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg