12 работи за кои апсолутно никој не смее да одлучува за вас во животот

Смешно им е што верувате во нумерологија и се противат што вашиот партнер нема професија од соништата, според нивните критериуми? Кажете им СТОП!

verba-vo-gospod-partner-12-raboti-za-koi-nikoj-ne-smee-da-odluchuva-za-vas-vo-zivotot-01.jpg

Во ред е да им дозволите на луѓето да бидат дел од вашиот живот, но не е во ред да им дозволите да ви го диктираат.

Мора да поставите граници кога е во прашање нивното мислење за вашиот начин на живот.

Работи за кои никој не смее да одлучува за вас во животот:

Каков став да имате за одредени прашања

Секој ден е избор и мора да одбираме да ги правиме работите што нè прават среќни и во кои веруваме.

verba-vo-gospod-partner-12-raboti-za-koi-nikoj-ne-smee-da-odluchuva-za-vas-vo-zivotot-03.jpg

Дали и каква тетоважа ќе направите

Не е важно дали му се допаѓа вашата тетоважа некому сè додека за вас има специјално значење.

Како да реагирате за одредени работи

Ако ви се случи нешто лошо и ви се плаче, слободно сторете го тоа, дури иако некои ви велат дека претерувате.

Што да облечете

Тоа што момчето ви коментира дека шорцевите ви се прекуси, а колешката дека фустанот ви е во лош дезен, не е ваша грижа.

Што да јадете

Ако ви се јаде пица навечер, а ви велат дека е доцна, сторете го тоа. Не постои ништо лошо во малите задоволства.

verba-vo-gospod-partner-12-raboti-za-koi-nikoj-ne-smee-da-odluchuva-za-vas-vo-zivotot-05.jpg

Каква кариера да изберете

Сите се адвокати во семејството, но вие сакате да бидете уметник. Еден е животот, изберете ја кариерата што ќе ве направи среќни.

Со кој ќе се дружите

Можеби не ги бираме членовите на семејството, но затоа ги бираме пријателите. Кој кажа дека мора да се дружите со луѓе што не ви се допаѓаат?

Дали слепо ќе се држите за одредено хоби

Ви велат дека не знаете најдобро да ракувате со фотоапаратот, но вие сте вљубени во фотографијата. Продолжете да инвестирате време и енергија, ќе успеете.

Кој ќе сакате

Никој нема да право да ве осуди затоа што вашето момче не ги задоволува сите нивни стандарди во поглед на убавина, образование, амбициозност. Вие знаете што му годи на вашето срце.

verba-vo-gospod-partner-12-raboti-za-koi-nikoj-ne-smee-da-odluchuva-za-vas-vo-zivotot-02.jpg

Како се забавувате

Дали во петок вечер ќе читате книга, а во вторник ќе се забавувате до раните утрински часови е ваша одлука.

Во што ќе верувате

Не смеете да се срамите јасно и гласно да говорите за својата верба во Господ, судбината, астрологијата, нумерологијата или што и да е. Ако сметате дека нешто е во ред, не срамете се да признаете.

verba-vo-gospod-partner-12-raboti-za-koi-nikoj-ne-smee-da-odluchuva-za-vas-vo-zivotot-04.jpg

Што ќе правите во животот

Вие ги носите одлуките за својот живот и имате контрола врз него, а на крајот од денот животот е само ваш. Затоа никој не смее да носи одлуки во ваше име.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg