Што не смеете да оставате во автомобилот кога надвор е топло?
Кога се во прашање автомобилите, две нешта се случуваат често преку лето: демнат повеќе крадци и температурата внатре станува превисока.
Доволно е барем на секунда да не внимавате на својот автомобил, за да се случи да биде оштетена, украдена или пак да биде украдено нешто што сте имале внатре.
Исто така, на превисока температура, сè што имате во багажникот и на седиштата може да биде неповратно уништено (храна, козметика, лекови и слични предмети).
Секако, пред сè, никогаш не оставајте ги преку лето во автомобилот миленичињата, децата или возрасните придружници во патувањето.
Луѓе и животни
Дури и кога температурите не се многу високи, во автомобилот секогаш е неколку степени потопло. Постојат многу случаи кога миленичињата или децата доживувале топлотен удар додека се оставени во автомобил макар и на пет минути. Некои од овие случаи завршиле со губење животи.
Дури и ако застанувате до трафика на неколку секунди, очекувајте дека може да се случи нешто непредвидливо што ќе ве задржи. Не загрозувајте ги животите на оние кои се со вас.
Најдобро е да се паркирате и со себе да го носите миленичето, детето или кој и да е со вас.
Лекови
Екстремно високите температури може да предизвикаат расипување на лековите или менување на нивните својства. Токму затоа на секое пакување е наведено на која температура треба да се чуваат.
Најдобро е кога излегувате од автомобил, лековите да ги земете со себе.
Пластични шишиња и кутии за храна
Пластичните садови може да се стопат под дејство на топлината или од себе да ослободат некоја хемикалија која е опасна за вас. Токму затоа, доколку се случи да заборавите шише или сад од пластика во автомобилот, најдобро е да ги фрлите во ѓубре.
Мобилни телефони, лаптопи, таблети и слични технологии
Ако веќе мора, чувајте ги во багажникот и потрудете се да паркирате во сенка. Никогаш не ги изложувајте директно на сонце и не ги оставајте во автомобилот, дури и да се работи за уредот за навигација.
Топлината и сончевите зраци можат да ја уништат батеријата и ситните електронски елементи од вашите уреди.
Козметика со заштитен фактор
При предолга изложеност на екстремна топлина и сончева светлина, кремите со заштитен фактор може да ја променат структурата, да се намали ефикасноста, па дури и да се расипат. Чувајте ги овие производи во сенка додека патувате.
Алкохолни пијалаци
Секогаш кога оставате лименка пиво или шише вино во автомобилот кога е топло, ризикувате да доживеете „експлозија“. Тоа се случува поради сулфурот кој се содржи во алкохолните пијалаци.
А и за волја на вистината, може да поминат недели и недели додека од автомобилот да исчезне мирисот на винарска визба.
Пневматски тркала
Било да се работи за гуми за автомобилот или за велосипедот, пневматските тркала се полни со воздух под притисок. Од основните закони на физиката знаеме дека при услови на топла околина, гасовите се шират, па така може вашата гума целосно да се распарчи.
Очила
Директната изложеност на сонце може да предизвика оштетување и искривување на рамките, па дури и на заштитниот слој на леќите. Доколку имате очила со „фото греј“, при предолга изложеност може леќите да пожолтат неповратно.
Е. Д. | Црнобело