5 причини поради кои на луѓето сте им (не)симпатични
Поголемиот дел од луѓето сакаат да им се допаднат на останатите околу нив. Но, понекогаш не размислуваат за своето однесување и постапки и го постигнуваат токму спротивниот ефект.
Овие 5 причини придонесуваат за вашата (не)допадливост… бидете искрени и кажете во колку од нив се пронајдовте:
Премногу зборувате за себе
Сосема природно е да сакате да споделите некоја информација поврзана со вас и вашиот приватен живот, но не и да ја раскажете животната сторија од А до Ш.
Истражување спроведено на Универзитетот Харвард во 2012 година покажало дека луѓето поминуваат 30-40% од времето зборувајќи само за себе.
Антипатичните луѓе зборуваат многу, а омилената тема на разговор им е – себеси. Личностите пак кои им се симпатични на другите споделуваат интересни детали од својот живот, но ги поттикнуваат и другите да се вклучат во разговорот и да понудат свои мислења.
Не ги слушате другите
Ова оди рака под рака со првата причина. Незаинтересираноста за соговорникот е непожелна карактерна особина. Потврдено е дека луѓето не обраќаат внимание на околу 50% од она што го зборуваат соговорниците.
Подобро ни е да живееме во минатото или иднината, наместо да сме сконцентрирани на сегашноста. Луѓето кои се присутни во сегашниот миг делуваат посимпатично.
Внимателното слушање на другите луѓе е одлична подлога како за платонска, така и за романтична љубов. Наместо да размислувате што ќе зготвите денес или што ќе кажете следно, подобро ќе биде добро да го сослушате она што ви го зборува човекот што седи спроти вас.
Сакате сè да биде по ваше
Се преферираат оние кои се флексибилни и опуштени, наместо луѓето кои се склони кон кавги. Во друштвото на вакви конфликтни личности кои ќе направат сè само да ги истераат работите по нивно, другите поединци се чувствуваат загрозено и несигурно.
Ова секако не значи дека треба да дозволите другите да „газат“ врз вас за да им бидете симпатични. Напротив, симпатичните луѓе умеат да го искажат своето мислење, без притоа да ги повредат чувствата на другите.
Премногу се жалите
Никој не сака да биде во друштвото на човек кој е секогаш лошо расположен. Ако сте од оние кои постојано зборуваат за своето поранешно момче, за злобниот шеф на работното место или за своите деца без да отворите друга тема на разговор, не чудете се зошто луѓето ве одбегнуваат.
Негативноста привлекува негативност. Дури и доколку вербално не го искажувате незадоволството, бидете сигурно дека ве издаваат говорот на вашето тело и микроекспресиите на лицето.
Вие можеби не го гледате тоа, но околината го забележува.
Им се обраќате на другите од високо
Арогантниот тон со кој им се обраќате на луѓето е страшно негативен квалитет и верувајте дека нема да освоите никого на овој начин.
На пример, доколку некој истакне дека му се допаднала некоја книга, а вие го дадете одговорот: Само неупатени во темата може да мислат дека оваа книга е добра, верувајте дека нема да освоите ничии симпатии, покажувате дека според вас постои скала на интелигенција, а вие се наоѓате на повисокото скалило отколку соговорникот.
Никој не сака да биде омаловажуван и исмејуван, па доколку сакате да им бидете симпатични, наместо антипатични на луѓето, престанете да ги гледате од висина и да ги третирате како помалку вредни луѓе.
(О)Милена | Црнобело