„Пријател ви помага во 2 по полноќ, другите се познаници“ - 12 животни совети од 60-годишните луѓе

„Најважната личност во вашиот живот е личноста која прифатила да го дели животот со вас“ и уште 11 други совети кажани од срце.

prijatel-vi-pomaga-vo-2-po-polnokj-drugite-se-poznanici-12-zivotni-soveti-d-60-godishnite-lugje-01.jpg

Старите луѓе од срце сакаат да го дадат вистинскиот совет за да им го олеснат животот на помладите и да ги подготват за тоа што ги чека.

Старите луѓе од срце сакаат да го дадат вистинскиот совет за да им го олеснат животот на помладите и да ги подготват за тоа што ги чека.

Дел од нивните совети кружат на социјалните мрежи:

1. Вие може ќе имате долг, а можеби краток живот и никој не може да го предвиди тоа, но како и да е уште во младоста мора да се грижите за своето здравје.

2. Пријател е тој што ќе ви помогне, дури и кога ќе му се јавите во 2 часот по полноќ. Сите други се само познаници.

3. Нема да забележите како вашите деца растат затоа минувајте што повеќе време со нив.

4. Најважната личност во вашиот живот е личноста која прифатила да го дели животот со вас. Гледајте на тоа на овој начин.

5. Никој уште не умрел со жалење дека не работел доволно. Бидете вредни, но не ставајте ја работата над семејството, над пријателите и над самите себе.

6. Ако сте уморни од животот само застанете за миг и размислете за моментот, обидете се да уживате во тоа што е убаво и навистина важно за вас. Длабоко вдишете. Опуштете се и сфатете дека сè е релативно.

7. Имаме само еден живот. Немојте да се пробудите еден ден со мислата дека имате 60 години и не сте го реализирале тоа за кое сте сонувале цел живот.

8. Не ги следете сите совети како библиски заповеди. Побарајте совет од некој што го цените, потоа измерете ја уште еднаш својата ситуација и донесете сопствена одлука.

9. Предметите се само предмети. Не се држете за материјалните работи, држете се за времето и настаните.

10. Повредите кои сте ги добиле денес ќе говорат за вас во староста, дури и ако мислевте дека комплетно ги излекувавте. Верувајте!

11. Љубомората ги уништува врските. Имајте доверба во својата втора половина.

12. Ценете го секој миг и секој детаљ. Во младоста се сака сè и тоа наеднаш, но зошто не пробате да ги цените ситниците? Не сме вечни и најголемото задоволство кое можете да си го дозволите е уживањето во секој миг.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg