Мали бонтон потсетници за правилно и културно однесување во ресторан

Кога одите во ресторан не е доволно само да се поздравите со персоналот и да оставите бакшиш за да оставите впечаток на културна личност.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-01.jpg

Постојат одредени правила кои според бонтон треба редовно да се следат во рестораните.

Секако, зависно од типот на местото, се разликуваат некои работи, но во главно, треба да се држите до следниве правила.

Иако ги знаете, неколку потсетници за следното излегување:

1. Обрнете внимание на дрес кодот зависно од тоа во каков ресторан одите.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-02.jpg

2. Почекајте да дојде некој од персоналот да ви каже каде е слободно за да седнете.

3. На телефонот, клучевите од автомобил и чантата местото не им е на масата. Прво зафаќате место потребно за храната, второ, некултурно е за кон оние со кои седите.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-03.jpg

4. Ако сте во поголемо друштво, немојте долго да бирате каде и до кого ќе седнете или пак да се преместувате.

5. Почекајте сите да ги услужат и да им го донесат јадењето пред да почнете да јадете.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-04.jpg

6. Не се довикувајте за да повикате келнер. Едноставно почекајте да погледне кон вашата маса и направете мала гестикулација со која ќе го викнете.

7. Однесувајте се кон персоналот со почит и не ги гледајте како да сте вие над нив. Ако нешто не е во ред со храната, не им се истурајте нив, не се тие виновни.

8. Сите треба да нарачате отприлика иста количина и треба да се договорите дали прво ќе јадете салата, дали ќе нарачувате десерт и слично, за сите да завршите отприлика во исто време.

9. Ослободете ја масата до 15 минути откако ќе завршите со јадење. Ако не сакате да си одите, продолжете на друго место, или нарачајте уште нешто, не ја држете масата празна.

10. Доколку нарачате нешто заедничко, немојте да бирате кое парче ќе го земете. Земете го тоа што е најблиску до вас.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-05.jpg

11. Миењето раце и одењето во тоалет завршете го уште кога ќе влезете или пред да ви го донесат јадењето. Не е културно да станувате по неколкупати за време на јадењето.

12. По завршувањето на јадењето, не ги собирајте вие тањирите едно врз друго. Иако мислите да им помагате, некогаш го правите спротивното, бидејќи тие си имаат свој начин како ги собираат и оставаат. 

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-06.jpg

13. Ако сакате вие да ја платите целата сметка, кажете му на келнерот однапред да ја донесе сметката кај вас, за да не чека да се додавате и расправате на маса.

14. Ако на масата има и луѓе кои вие лично не ги познавате, немојте да си муабетите само со оној кој го познавате и да го игнорирате непознатиот. Остварете комуникација со сите и обраќајте им се на сите кога зборувате.

15. Однапред договорете се како ќе ја поделите сметката. Ако сите нарачки се отприлика иста цена, поделете ја еднакво сметката.

mali-bonton-potsetnici-za-pravilno-i-kulturno-odnesuvanje-vo-restoran-07.png

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Мизерни оброци од ресторани кои бесрамно лажат со фотките во менито Лепче со авокадо со три минијатурни парченца авокадо, пет компирчиња гратис со б...
Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле „Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg