Фенг Шуи во спалната соба

7-feng-sui-soveti-za-spalnata-soba-povekjeАтмосферата во вашата спална соба влијае на љубовниот и сексуалниот живот. Постои распоред според фенг шуи кој би било убаво да го примените...

 

...во собата за уживање.

На што да обрнете внимание?

1. Слики и фотографии. Визуелното доживување влијае на нашето расположение, па така и во спалната соба. Фотографиите од вашите родители сигурно дека не припаѓаат овде. За секоја слика запрашајте се дали буди романтични чувства во вас.

Примерен избор е фотографија од вас со партнерот или секси уметнички слики од девојки. Плажа е одличен избор.

2. Топли бои. Топли и земјени бои го отвораат срцето и воспоставуваат емотивно поврзување. Затоа користете бои како што се црвената, портокаловата, жолта, златна и крем. Ладните бои како сината и зелената можат да ги намалат страстите и чувствата.

3. Пријатно на допир. Кадифена перница или сатенски прекривач се пријатни на допир. Нежноста на материјалите и помага да заборавите на напорниот ден и да се подготвите за пријатна вечер.

7-feng-sui-soveti-za-spalnata-soba

4. Светла и осветлување. Свеќи и помали сијалички на стратешки места во спалната соба. Столна ламба со придушено светло е одличен избор. Никако пресилно светло.

5. Спалната соба не е работен простор. Не ја носете работата во кревет. Подалеку од компјутерот. Овде треба да биде хармонично и да се чувствувате мирно и пријатно во секое време.

6. Афродизијаци. Афродизијаците не се мит. Етеричните масла не само што релаксираат, туку и го зачинуваат сексуалниот живот. Изборот е неограничен, а ние советуваме ванила и јасмин.

7. Спалната соба е за двајца. Иако не ја делите со никого, поставете наткасна и ламби на двете страни од креветот. Ако нема простор за нив, обидете се другите елементи да ги распоредите рамномерно на двете страни од креветот.

Тоа предизвикува чувство на рамноправност и почитување кон партнерот, и ако не сте во врска, најлесен пат некој да се опушти во вашиот кревет.

Би можело да ве интересира:

Креативни луѓе кои им дадоа нов живот на старите фармерки (фото) Признајте, најтешко ви е да се одвоите од омилените фармерки кои се веќе искинат...
Фотки кои ќе ве утешат на лош ден: Луѓе кои никако не ги следи среќа Скршена виолина по авионски лет, телефон прободен со стрела – кога имате лош ден...
Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа? Папата се погребува околу четири дена по смртта, а најмногу 20 дена откако ќе по...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку годин... Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете ...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg