Како да препознаете емпатичен човек?

Како да препознаете емпатична личност? Дали можеби и вие сте таква?

prepoznajte-gi-ova-se-osobinite-na-empatichnite-lugje-01.jpg

Прочитајте ги следните карактеристики на луѓето со силно изразена емпатија и дознајте многу повеќе за нив.

Природни уметници

Емпатите најчесто се привлечени од уметноста. Креативни се и сакаат да се изразуваат преку сликање, пишување и творење. Токму уметноста им е потребна за да ја смират измореноста од суровиот свет.

Одлични слушатели

Тие можат да слушаат со часови, без да даваат свои мислења на темата. Сметаат дека нивната цел е помагање во надминување на проблемите, како кај другите луѓе, така и кај себе лично.

Не сакаат вести

Многу ретко ќе ги видите на социјалните мрежи, ниту пак читаат медиуми со дневни новости. Нив светот ги вознемирува и ги тера да размислуваат како можат да помогнат. Сакаат да го променат сето она што е лошо, но неможноста да го постигнат тоа ги разочарува.

prepoznajte-gi-ova-se-osobinite-na-empatichnite-lugje-02.jpg

Ја сакаат природата

Овие луѓе често ќе ги сретнете на прошетка во планина, покрај река, во зелени паркови. Природата има силно позитивно дејство врз нив, толку големо што обичните луѓе не можат да го разберат тоа.

Обожаваат животни

Покрај со природата, се поврзуваат и со животните. Им оставаат храна на уличните мачки, ги хранат птиците и си играат со кучињата. Тие дури и успеваат да воспостават некое ниво на комуникација со одредени животни.

Уживаат во самотијата

Сакаат да разговараат и да решаваат проблеми, но уште повеќе го ценат времето кое го имаат сами за себе. На тој начин ја обновуваат енергијата и се подготвуваат за решавање на нови проблеми.

Чуваат тајни

Емпатичните личности никогаш нема да споделат ваша тајна со некој друг. Многу се доверливи и не озборуваат, па можете да им кажете сè што ви е на срце и да бидете сигурни дека нема да го чуете тој разговор прераскажан на друго место.

Сочувствуваат и не осудуваат

Овие личности никогаш нема да ви судат за вашите постапки. Напротив, ќе сочувствуваат со вас и ќе разговараат отворено. На крај, ќе ви помогнат да ги решите своите проблеми.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Низ илустрации: Луѓе кои ни ја разбиваат монотоноста во животот (и сите сме ги сретнале) Луѓе кои лажат и мислат дека им веруваме, но и луѓе кои „паѓаат“ на сите пирамид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg