Кои се 11-те најнечисти работи во секоја хотелска соба?
Совет бр. 1: Немојте ни да помислите да ги користите чашите во бањата.
Тоа што ќе платите повеќе, не значи дека ова правило не важи и за вас. Поскапите хотели не значи дека имаат помалку бактерии. Напротив, тие може дури да имаат и повеќе.
Проверете од кои работи треба најмногу да се држите настрана кога престојувате во хотел:
Површината околу мијалникот и чешмата во бањата
Површините во бањата и чешмите, често пати се случува да се чистат со истата крпа со којашто о се чисти тоалетната школка, па така да се пренесат бактериите од фекалиите на чешмата и површините околу мијалникот.
Ова може да доведе до гастроинтестинални инфекции, а исто така може и да има мноштво респираторни вируси коишто се наоѓаат на површините. Уште полошо е тоа што овие крпи може да се користат во повеќе соби, а чашите од бањата само се промиваат со вода.
Далечинскиот управувач
На далечинските управувачи може да се наоѓа ешерихија коли, затоа што гостите не ги мијат рацете после користењето на тоалетот. Покријте го далечинскиот управувач со тенка пластична ќеса пред да го користите.
Работната маса
Најчесто овие делчиња од мебелот се скокнуваат при чистењето и на нив може да се најдат мноштво респираторни вируси. Затоа, доколку сакате да ја користите работната маса, прво пребришете ја со влажно марамче.
Телефонот
Ова не треба да биде изненадување. Хотелските телефони се преполни со бактерии.
Дури во неколку случаи најдени се бактерии коишто можат да предизвикаат опасни кожни инфекции, а корисниците можат да ги добијат истите, бидејќи преблиску го држат телефонот до устата додека го користат.
Апаратите за кафе
Во себе можат да имаат мувла и респираторни вируси. Доколку сакате кафе, набавете си од ресторанот.
Кофите за мраз
Дури ни вашиот мраз не е безбеден. Кофите за мраз може да бидат база за многу бактерии, па дури и норовируси затоа што честопати гостите ги користат како кофа за повраќање.
Перниците
На перниците коишто не се испрани, како и на покривачите, може да се најдат микро-организми коишто предизвикуваат сексуално преносливи болести.
Треба да се внимава на персоналот којшто ги фрла перниците на земја додека го мести креветот. Секогаш побарајте си дополнителна чиста навлака за перница, за да можете самите да си ја смените.
Клучевите од соба
Клучевите од собите, а особено картичките имаат исто толку бактерии на нив, како и парите. Тие никогаш не се чистат или дезинфицираат. Можете веднаш да ги пребришете со влажно марамче штом ќе ги добиете.
Двоседот и столчињата
Дамките од телесни течности коишто не се секогаш видливи со голо око, можат да имаат голем број на вируси и бактерии. Тие се наоѓаат на ткаенините коишто не е лесно да се исчистат темелно.
Теписите
Теписите се место на коешто се размножуваат бактериите и вирусите. Никогаш не ги пуштајте децата да седат или лежат на теписите и секогаш носете чорапи или влечки.
Вентилацијата
Вентилацијата во хотелите може да има мувла и да предизвика сериозни респираторни проблеми.
(О)Милена | Црнобело