6 работи кои мора да ги изгубите - за да се пронајдете себеси
Мноштво луѓе веруваат дека „нешто“ треба да најдат на патот до среќата. А, во суштина, она кое вистински им е потребно е да загубат дел од багажот што го влечат со себе.
Што ви стои на патот за среќен, здрав и хармоничен живот? Ова се шесте работи мора да ги изгубите - за да се пронајдете себеси:
1. Омраза
„Обично кај другите личности го мразите она што го гледате како дел од себе, или, пак, кое би сакале да го видите во себе. Вистината е дека секогаш ќе се најдат луѓе чии особини ќе ги сметате за непријатни. Меѓутоа, само од вас зависи дали ќе им допуштите да доминираат над вашата свест.“
2. Завист
„Кога другиот ќе го постигне она што вие сте сакале да го остварите, лесно е да се појави љубомората, дури и да е без никакви зли намери. Но, штом духовно се разбудите, ќе разберете дека сите сме дел од едно цело, а туѓите успеси се неретко и наши успеси. Гледајќи ги постигнувањата на останатите, нека да ви биде мотивација и самите да ги остварите.“
3. Немир
„Анксиозноста се манифестира како резултат на живеењето без допир со вашата вистинска цел. Придонесуваат и работата, луѓето со кои сте окружени, или, пак, начинот како го поминувате времето. Кога ќе се поврзете со смислата на сопственото постоење, односно откриете кои се работите што ви се навистина приоритет – тогаш конечно ќе се опуштите и немирот ќе го снема.“
4. Бес
„Бесот е вообичаено несвесен начин на однесување, предизвикан од нештата кои не сте ги (раз)решиле во минатото. Бидете присутни во сегашниот миг. Така полесно ќе се соочите и носите со вашите проблеми, а и помалку работи остануваат нерешени. Па, потенцијалниот извор на бес ќе пресуши.“
5. Несигурност
„Несигурностите се заостанати слоеви од следењето погрешни соништа, друштвото, или, пак, било какво друго влијание со кое сте биле во контакт. Кога вистински ќе се спознаете себеси, односно станете длабоко свесни за личните квалитети и вредности, тогаш несигурностите исчезнуваат. Помала е и веројатноста дека ќе одите против својата природа само за да им удоволите на другите луѓе.“
6. Страв од неуспех
„Стравот од неуспех оди рака под рака со несигурностите. Во моментот кога ќе се ослободите од нив, може незапирливо да тргнете кон сопствените цели. А, тие и треба да бидат застрашувачки. Доколку не се, можеби е време да разгледате некои поголеми.“
М. А. | Црнобело