Работи за кои среќните луѓе никогаш не се грижат и нервираат
Сите посакуваме нешто што го немаме, сите се бориме да постигнеме одредени цели и понекогаш сме загрижени.
И така поминува целиот живот бркајќи нешто и каејќи се за нешто што не сте успеале да го достигнете.
Но, има луѓе кои знаат да го ценат животот и целосно да уживаат во него, а тоа ги прави најсреќни бидејќи не си го трошат времето залудно грижејќи се за нешто непотребно.
Психолозите направиле листа на работи за кои среќните луѓе никога не се грижат, а не треба ни вие:
За непостигнатите цели
Психолозите советуваат дека ако сè што правите за да ги постигнете целите, направи да се чувствувате непријатно и неудобно, тогаш веројатно тоа не е вистинска желба.
Тоа може да се лажни замисли заради општеството, медиумите, рекламите и притисокот од родителите.
Доколку го правите тоа од тие причини, на крајот наместо да сте задоволни, ќе бидете збунети и ќе се прашувате зошто сте го направиле тоа.
Материјален просперитет
Влијанието на рекламите расте во секоја секунда и нè тера да трошиме повеќе пари и нерви на непотребни работи.
На многумина целта да заработат повеќе им е за да можат да си дозволат нешто што го сакаат, но вистината е дека колку повеќе имате, толку повеќе ќе сакате и никогаш нема да ви биде доволно.
Всушност, работите кои ве прават најсреќни најчесто не чинат пари или барем не многу.
На пример, крзнениот пријател кој ќе биде со вас во секој момент, а не мора да купувате, туку може да го присвоите од некое засолниште.
Експертите советуваат дека ако најдете начин да ги цените работите околу вас и она што навистина ве прави среќни, ќе ви биде многу полесен животот.
За тешките времиња кои доаѓаат
Секако дека е нормален стравот од неочекуваното и она што следи во блиска иднина, како што на пример е станувањето родител за првпат.
Но, наместо да се фокусирате на страшните работи кои следуваат и хоророт на модерното родителство, размислувајте на убавите моменти кои ве очекуваат и со кои ќе си го исполните животот како никогаш претходно.
Оние кои го знаат ова и го практикуваат, многу полесно се справуваат со секакви предизвици и учат да уживаат во сето она што животот ќе им го понуди.
Страв дека нешто лошо ќе му се случи на детето
Овие мисли им поминуваат низ глава на речиси сите родители и нормално е понекогаш да стравувате, но постои граница помеѓу нормалното и претерувањето.
Не треба да живеете со тој страв, а уште помалку да му ѕвоните на секој половина час да проверувате дали е сè во ред.
Желбата за контрола на секој чекор ги исцрпува родителите и не им овозможува да се опуштат и уживаат. Потпрете се на довербата, веќе направивте што можевте, сега другото не зависи од вас.
За негативните емоции во околината
На социјалните мрежи, во јавниот превоз, на работа, на кафе – невозможно е да се избегне жалењето на луѓето и негативните емоции кои ги пренесуваат.
Но, среќните луѓе знаат да се оттргнат од оние кои им пренесуваат само негативни информации, да се исклучат од социјалните мрежи и да се фокусираат на оптимизам.
Доколку има некој реален проблем, го анализираат темелно и го решаваат, а негативните емоции со кои се полнат ги празнат преку активности и релаксирање.
Дека не можат да контролираат сè
Оние кои сакаат да контролираат сè околу нив поминуваат многу потешко во животот од останатите.
Некои работи едноставно не се во ваша контрола, па не си го трошете времето и енергијата за да ги промените.
Ако не ги сакате брчките на лицето, наместо да се нервирате, научете како да ги покриете со шминка и да изгледате совршено.
Осаменост
Не си создавајте притисок ако уште не сте го нашле вистинскиот партнер и не се плашете од осаменоста.
Среќните луѓе знаат како да уживаат во животот и доволни си се сами на себе, а притоа си ги остваруваат целите, ги живеат моментите и си го исполнуваат животот со омиленото хоби.
Понекогаш во тој период може подобро да се запознаете себеси и она што вистински ви е потребно во животот, па гледајте на ова како позитивно.
М. М. | Црнобело