10 сурови сознанија за животот кои го зацврстуваат нашиот карактер

Никој не се родил мудар, туку во текот на животот успеал благодарение на учењето и искуствата да ги научи најважните лекции кои создаваат силен карактер и издржлива личност.

10-surovi-soznanija-za-zhivotot-koi-go-zacvrstuvaat-nashiot-karakter-01.jpg

Кога патот до среќата би бил единствен и однапред предодреден, тогаш секој би можел лесно да го „фати“ тој колосек и да ја зграпчи својата судбина. Но, она што не смееме да го заборавиме е дека најважните лекции во животот ги учиме токму од грешките и неуспесите. Благодарение на нив, успеваме да сфатиме колку сме цврсти како личности и колку можеме да ги поднесеме ударите кои животот неизбежно ги задава.

Можеби голем дел од следниве животни вистини сте ги почувствувале и на свој грб, но никогаш не е лошо да се потсетите каква личност сакате да бидете во иднина и како сте станале она што сте сега.

1. Првиот чекор никогаш не е лесен

Не било лесно кога сте прооделе, ниту кога сте започнале да одите во училиште. Не било лесно ниту запознавањето со нови луѓе, ниту патувањето во непознати правци. Но, сето тоа сте го поминале и сте научиле дека колку подготовки и да ви требаат за првиот чекор кон нешто ново, следниот пат веќе е полесно.

2. Добрите нешта не се ниту брзи ниту лесни

Општо, животот не е лесен, па затоа не треба да очекувате дека ќе се пробиете само со шарм и брзина. Потребни се време и труд, поставување на цели и храбро чекорење кон нив. Никогаш не се откажувајте и не губете ја желбата да го постигнете она што го замисливте, без разлика колку тоа и да чини. Упорноста и трудот најчесто резултираат со успех.

3. Секогаш имате помалку контрола отколку што мислите

Единствено нешто врз кое имате контрола се вашите реакции кога нештата излегле од контрола. Но, тоа бара многу напор и неможноста сè да биде „под конец“ може навистина да биде фрустрирачка. Затоа, поедноставете си го животот и прифатете го онаков каков што е и бидете благодарни за она што го имате.

Сетете се само на тоа дека кога и да сте мислеле дека се случува нешто лошо, подоцна сфаќате дека тоа само ви помогнало да стигнете кон нешто што е многу подобро за вас.

4. Не можете да го избегнете ризикот

Секој ден, реално гледано, е нов ризик и предизвик. Во сè што правите ризикувате и да згрешите, но ако бегате од грешките, никогаш нема да стигнете ниту до успехот. Ако не се обидете, нема ни да знаете дали вашата замисла била добра или лоша. А животот, иако краток за да постигнеме сè што можеме, ни дава доволно шанси кои треба да ги препознаеме, за да се вратиме на вистинскиот пат.

5. Најголемите проблеми сепак се во вашата глава

Главната причина поради која несреќата и поразот не си одат е тоа што постојано го вртите истиот филм во вашата глава. Колку побрзо успеете да се ослободите или да ги намалите тие стравови и мисли, толку полесно ќе биде да ја согледате реалната ситуација и да пристапите кон ефикасно решавање на проблемите, со што поладна глава и помалку вложени емоции во нив.

10-surovi-soznanija-za-zhivotot-koi-go-zacvrstuvaat-nashiot-karakter-02.jpg

6. Долготрајната среќа не може да се купи со пари

Кога патувате, тоа е ограничена среќа, исто како и кога си купувате нешто ново. Но, за да се создаде трајна среќа, потребно е многу повеќе од материјални задоволства. Треба да се посветите на работата, на успехот, на блискоста со семејството и пријателите, на правење добри дела, на искреност и на насмевки.

7. Не секој ве поддржува

Меѓу луѓето околу вас има такви кои ве поддржуваат и убаво е ако ги имате во голем број, но постојат и оние на кои, едноставно, не им се допаѓа вашиот пристап кон животот. Тоа е сосема нормално и не треба да ве обесхрабрува, дури и ако поддршката изостанува од страна на личност која за вас е важна. Ваше е да не се откажете и да продолжите да го следите патот на кој сте среќни.

8. Некогаш ви е подобро без некои личности, колку и да ги сакате

Во текот на животот е сосема нормално да ги откриете вистинските лица на луѓето кои сте ги сметале за блиски. Иако може да биде доста болно да откриете дека некому не му значите, а вие би дале сè за таа личност, знајте дека ќе дојде момент во кој ќе бидете навистина благодарни што таквите луѓе веќе не се во ваша близина.

9. Нема среќа без малку тага

Животот не е права линија и некогаш треба да жртвувате некои нешта, за другите аспекти да се подобрат. Не можете да бидете среќни и радосни, ако никогаш не сте почувствувале болка, ниту пак самоуверени ако претходно не сте биле несигурни. Не можете да изберете само еден пат по кој ќе одите, бидејќи тој мора да има кривини и дупки. Гледајте на животот како на авантура која носи подеднакви шанси за успех и ризици за неуспех.

10. Тоа што било - поминало, вие продолжувате понатаму

Ако во својата душа носите некоја темна дамка од минатото, големи се шансите дека токму тоа ви пречи да бидете позитивни, продуктивни и способни во сегашноста. Минатото не можете да го измените и треба само да го прифатите како една важна лекција која не смее да ви биде пречка да успеете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg