10 ситуации во кои е нормално да ја вратите нарачаната храна во ресторан

Нема кој се нема исфрустрирано ако нарача совршена порција во ресторан, но добие нешто што нималку не наликува на тоа што било наведено или пак на фотографијата во менито.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-01.jpg

Што да направите за да ја добиете порцијата која ја посакувате, без да го навлечете гневот на персоналот врз себе? Ова воопшто не е лесна задача, бидејќи може да бидете погрешно сфатени или да влезете во конфликт со келнерот, иако сте немале таква намера.

Сепак, постојат 10 ситуации во кои сосема сте во право да ја вратите порцијата:

1. Парчето месо не е подготвено онака како што нагласивте при порачувањето.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-02.jpg

2. Храната е изгорена.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-03.jpg

3. Храната не е доволно зготвена.

4. Сте нарачале храна која содржи алерген, но тој не бил наведен во менито.

5. Јадењето е луто или презачинето, иако тоа не било нагласено во менито.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-04.jpg

6. Добивате нешто што не сте го нарачале.

7. Пронајдовте влакно (или некој друг телесен остаток) во чинијата, кој не е ваш.

8. Деловите од порцијата не се со иста температура - на пример месото е топло, но прилогот е премногу ладен.

9. Сте добиле порција со големина на предјадење, иако сте нагласиле дека е за главно јадење.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-07.jpg

10. Во храната има премногу сол.

10-situacii-vo-koi-e-normalno-da-ja-vratite-narachanata-hrana-vo-restoran-05.jpg


Доколку сте доживеале некоја од овие ситуации, а не сте реагирале, имајте на ум дека следниот пат ако се случи такво нешто, можете да побарате да ви биде заменета порцијата или да ја вратите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg