6 причини зошто Французинките немаат проблем со самодовербата

Во Франција, жените го добиваат потребното внимание од мажите и немаат никаков проблем со самодовербата, сензуалноста и женственоста. Како успеваат?

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-1.jpg

По неколку проучувања на нивното однесување, многумина дошле до заклучок дека постојат 6 главни причини зошто Французинките се неодоливи и добро го знаат тоа:

1. Флертуваат без оглед на тоа дали имаат партнер или не

Кај нас менталитетот и околината налагаат дека доколку имате партнер, не смее да бидете блиски со друг маж, па дури и разговорот се смета за еден вид на изневерување.

Французинките го доживуваат флертувањето поинаку. Тие го користат за да си ја подигнат самодовербата и да ги докажат своите квалитети, а не за да завршат во кревет со секој маж кој ќе им се доближи.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-3.jpg

2. Опкружени се со убави работи

Признајте дека и вие ја чувате убавата долна облека само за „посебни прилики“. Французинките не. И во тоа е главната разлика.

Тие не ги штедат убавите работи, туку се опкружуваат со нив, бидејќи се свесни дека така се чувствуваат посигурно и поубаво.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-4.jpg

3. Нивните потреби им се на врвот на листата

Французинките веруваат дека имаат право на апсолутно сè што ќе посакаат, без притоа да бараат дозвола или одобрување од некој друг.

Свесни се дека ако не се здрави и среќни самите со себе, не можат да бидат среќни ниту со друг човек.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-2.jpg

4. Уживаат во моментот

Фразата „joie de vivre“ е нивното секојдневно мото. Веруваат дека среќата е добро сокриена во ситниците кои често ги игнорираме.

Свесни се дека ништо не трае вечно, но тоа не ги спречува да уживаат во она што им се случува сега и тука.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-5.jpg

5. Знаат што е индивидуалност

Француските жени не ги следат трендовите. Поголема е веројатноста дека ги создаваат. Не потклекнуваат на клишеата дека русата коса е попривлечна за мажите, исто како полните усни и големите облини.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-6.jpg

6. Имаат концепт на „тајна градина“ за ослободување од стресот

Секоја зрела жена во Франција знае кој е нејзината „тајна градина“ во која оди кога е под стрес. Тоа може да биде книга, филм или пријателка.

Целта е оттаму да излезе со нова, позитивна енергија, без нарушена самодоверба.

6-pricini-zosto-francuzinkite-nemaat-problem-so-samodoverbata-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg