20 работи за кои вреди да се живее и да не се откажувате
Многумина во текот на животот искусуваат лоши ситуации и поминуваат низ тешки периоди заради кои го губат мотивот да продолжат понатаму.
Но, и покрај тоа што мислите дека некои животни случки може да ве уништат целосно, сепак постојат работи за кои вреди да се живее.
Тоа се оние секојдневни ситници кои ве исполнуваат и кога ќе се соберат се многу повредни од сите големи лоши моменти.
Листата на работи за кои вреди да се живее и продолжи понатаму е огромна, но ние издвојуваме 20 работи:
1. Љубовта на вашиот живот која уште не сте ја запознале, а ќе ве третира како крал/кралица.
2. Непрекинатото заразно смеење од кое може да се „подмочате“ во гаќи.
3. Вкусување и уживање во омилената храна и пијалаци.
4. Конечно дипломирање/магистрирање/докторирање по долг труд.
5. Купување на прв сопствен дом.
6. Постигнување на кариерата од соништата.
7. Првата насмевка на лицето по долг тежок период.
8. Запознавање нови вистински пријатели за цел живот.
9. Венчање за човекот на вашиот живот.
10. Дочекување на моментот кога ќе им раскажувате на децата/внуците сопствени животни приказни.
11. Патување и доживување на места на кои никогаш претходно не сте биле.
12. Шансата да видите дека среќата повторно ви се насмевнала.
13. Слушање бебешки плач и детски жагор.
14. Добар секс.
15. Држење на сопственото дете во раце за првпат.
16. Да слушнете некој да ви каже дека сте му инспирација.
17. Летни, спонтани авантури.
18. Танцување и забавување додека нозете не ве заболат.
19. Чувството кога ќе добиете прегратка од саканите кога ви е најпотребна.
20. Денот кога ќе кажете дека животот е прекрасен и со душа го чекате следниот, бидејќи тоа е вашата шанса за живот.
М. М. | Црнобело