Приватна велнес оаза

privatna-welness-oaza-povekjeСвојата када лесно може да ја претворите во вистинско место за релаксација, но и во извор на енергија. Зависно од тоа кои состојки ги користите...

 

...ќе го негувате своето тело и ќе го освежите умот. Топла бања после напорен ден прави чуда. Ги опушта изморените мускули и ја негува нашата душа.

privatna-welness-oaza

Стресот исчезнува, а го заменува чувството на задоволство. Колку има ефект капењето во када, потврдува и неговата присутност во бројните култури.

Клеопатра се капела во луксузни купки од млеко, етерични масла и билки.

Во позитивното влијание на топлото капење верувале и Маите и Инките кои го користеле за кревање на расположението, намалување на високиот притисок и зголемување на концентрацијата.

За да ја претворите вашата бања во  велнес оаза потребни ви се минимум 2 состојки. И, секако, време и мир.

Пред да ја наполните кадата истуширајте се и исушете ја кожата. На тој начин ги отворате порите и корисните состојки полесно ќе навлезат во вашата кожа.

Етеричните масла делуваат на 2 начини. Најпрво со мирисот го стимулираат нашиот мозок – пример: мирисот на лимон асоцира на свежина, мирисот на цимет – на топлина.

Нашето тело на мирисот на лимон се буди, а кога ќе почувствува цимет, се опушта и ужива.

Бројните истражувања го потврдиле терапевтското делување на еукалиптусот, ментолот и лавандата.

Етеричното масло од лимон ги буди нашите сетила и ја затега кожата. Одличен избор е и масло од портокал. За опуштање одберете лаванда и цимет.

Идеална температура на водата во кадата е од 37 до 40 степени и не би требало да ја надминете.
Јаготка на шлагот нека биде тивка музика во позадина и светло од миризливи свеќи.

Би можело да ве интересира:

Застрашувачки фотки што ја покажуваат разорната моќ на молњите Дрво расцепено од молња, молња создадена за време на ерупција – молњите без сомн...
11 предупредувачки знаци дека на животниот пат имате лоша личност Карактеристика на лошите личности: Задржуваат информации за себе и сметаат дека ...
Проблемите и двојните стандарди со кои се соочуваат жените во модерното општество, низ илустрации „Општеството очекува жените да работат како да немаат деца и да се грижат за дец...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...
Изгубена тежина, исчистено лице од акни: Фото-споредби кои прикажуваат неверојатни разлики „Промената која се случи со мојата кожа по 30 дена без шеќер“, „Лево е влош...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg