5 делови од телото кои веќе не ни се потребни

Постојат неколку делови од телото кои некогаш одамна имале некаква функција, но денес се навистина бескорисни, иако сè уште се дел од анатомијата на човекот.

5-delovi-od-teloto-koi-povekje-ne-ni-se-potrebni-001.jpg

Не ни прават никаква штета и сите се раѓаат со нив, меѓутоа тоа не значи дека се корисни:

Опашна коска

На луѓето повеќе не им треба оваа опашна коска, бидејќи совршено добро балансираат со своите нозе. Сепак, таа и понатаму се оформува уште додека сме во мајчината утроба.

Умници

Човечката вилица низ годините се намалувала, а резултат на тоа е и честиот проблем со умниците, за кои многу од луѓето немаат простор на вилицата. Научниците се сложуваат дека денес многу повеќе се грижиме за здравјето на забите, додека нашите предци рано ги губеле забите поради недостаток на хигиена, па овие четири заба во подоцните години им биле добредојдени.

Мускули за ежење

Под секое влакно се наоѓа минијатурен мускул кој го поткрева и спушта влакното. Нашите предци имале многу повеќе влакна на себе и ежењето им служело да изгледаат многу поголеми, посилни и да ја задржуваат топлината на телото.

Трет капак

На самиот агол од окото, покрај носот, се наоѓа малку тенка кожа која всушност нема никаква функција.

Делови од ушите

Мала група на мускули кои ги движат ушите се тотално непотребни, освен можеби за забава на оние кои сакаат да бидат смешни кога ги мрдаат ушите. Во животинскиот свет мрдањето на ушите е исклучително важно, но кај човекот, тоа никако не влијае за подобар слух.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg