Мали ритуали кои треба да ви станат викенд навики
Викендот треба да го организирате со голема внимателност, со оглед на тоа што трае само два дена.
Па, ако во планерот досега не се наоѓале следниве активности, редно време е да ги вметнете и да ги претворите во викенд навики:
Дружете се покрај вода. Мирот и спокојот кој го носи погледот и звукот на морето, езерото или реката се одлично полнење на батериите. Уживањето може да го дополните со чаша розе и добар пријателски разговор.
Шетањето низ градот со миленикот е уште една супер активност која може да ви отвори можности за нови контакти. Само внимавајте на времето и избегнувајте прошетки во најтоплото.
Секоја прошетка засладете ја со една топка сладолед.
Пикникот во природа наместо појадокот дома е исто така супер активност во пар или поголемо друштво.
Резервирајте си време за себе. Ставете маска на лицето, налакирајте ги ноктите и седнете да правите ништо.
Уживајте на средената тераси, сами со своите мисли и вкусен пијалак.
М. Д. | Црнобело