20 клишеа за мажите кои се покажале како точни

Секако, не се сите мажи исти, но со долунаведените работи ќе се согласат добри 80% од нив.

20-klishea-za-mazite-koi-se-pokazale-kako-tocni-001.jpg

Се работи за клишеа кои многупати сте ги слушнале, но сте се убедувале дека не се точни. Вистината е дека всушност не се клишеа, туку точни искази.

1. Во шорц за трчање и патики му изгледате одлично. И тесната маичка за вежбање му се допаѓа.

2. Голите раменици му се неодоливи.

3. Ако си заинтересирана, не треба да му глумиш неосвоива.

4. За него шопингот е обврска, не забавна активност.

5. Додека е во тоалет со затворена врата, не сака да му поставуваш никакви прашања.

6. Сака да ти биде згоден и на тебе, и на твојата пријателка и на твојата колешка.

7. Можете да спиете со него кога и да посакате. Сериозно.

8. Можете да имате секс каде и да посакате, исто така.

9. Иако сака да гледа скапи автомобили, го обожава својот.

10. Кога ќе се налутите за некоја глупост, почнува да се сомнева во вашата интелигенција.

11. Понекогаш лаже за да ви удоволи. И нема потреба да се лутите.

12. Сака жена која пие пиво. Ако може и да гледа спортски натпревари – супер.

13. Сака кога жената има долга коса врзана во опавче.

14. „Добра во кревет“ значи многу ентузијазам, хумор и понекогаш трпение.

15. Неочекуваните допири се добредојдени, дури и на јавно место... посебно на јавно место!

16. Не очекувајте бројни пораки, освен ако не ги употребите зборовите „гола“ и „чекам“.

17. Не може да се сети што рекол пред 3 недели. Ниту вие што сте рекле.

18. Ќе ве сака многу повеќе ако сфатите дека одвреме-навреме му треба САМО машко друштво.

19. Кога го прашувате „згодна ти е?“ во главата му се пали црвена светилка за тревога.

20. Мрази да зборувате за бившиот, дури и ако тој ја почнал темата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg