Работи кои треба да ги знаете пред да се тетовирате, за да не се каете потоа
Избор на тату мајстор
- Не бидете мрзеливи во потрагата. Не смеете да изберете салон за тетовирање само поради тоа што е блиску до вашиот дом. Разгледајте ги делата на тату мајсторот на интернет и ако е квалитетен вреди да дадете и повеќе пари. Плус, задолжително слушајте ги неговите совети околу техниката и начинот на изработка.
- Проверете ја безбедноста. Не срамете се да побарате мала прошетка низ салонот. Видете каде тату мајсторот ги чува иглите и дали соодветно прави дезинфекција во собата за тетовирање.
Пред да одите на тетовирање...
Не се сончајте, не пијте алкохол претходната вечер, истуширајте се, затоа што некое време нема да смеете да ја мокрите тетоважата, јадете, затоа што процесот може да трае со часови, не бричете се на местото каде ќе ја ставате за да не ја повредите кожата.
По тетовирањето...
Тетоважата ќе заздрави комплетно за 2, 3 седмици, а во меѓувреме почитувајте ги препораките од тату мајсторот. На почетокот не ја изложувајте на сонце, не одете во сауна со неа и не правете активности при кои интензивно се потите. Мачкајте ја со кремата што ќе ви ја даде и не ја допирајте многу тетоважата. Ако има потреба за корекции, тату мајсторот ќе ве викне потоа.
Тетоважата најверојатно добро ќе изгледа и кога ќе остарете:
С. С. | Црнобело