Работи кои треба да ги знаете пред да се тетовирате, за да не се каете потоа
Од изборот на местоположба на телото до што смеете, односно не смеете, да правите пред тетовирањето...
Тетоважите се начин на изразување, лично обележје, па дури и уметничко дело на телото на некој начин.
Но, пред да си направите тетоважа мора да внимавате на одредени работи за да не се каете подоцна:
Избор на тетоважа
- Не ги следете модните трендови. Ако сите ставиле светли цветови на своето тело ова лето, не значи дека и вие треба да го сторите истото. Модата ќе помине, а вашата тетоважа ќе остане.
- Не паѓајте на стереотипите. Навистина нема потреба од банални фрази од типот „My life – my rules“ (Мој живот – мои правила) или пак да истетовирате пеперутки. Тетоважата треба да биде со длабоко значење за вас. Плус, ако е некој симбол проверете што значи тој и во другите култури.
- Не правете мала тетоважа за да проверите дали ви се допаѓа да имате тетоважа на телото или не. Иако е „експериментална“, таа засекогаш ќе остане на вашето тело.
- Не правете идентична тетоважа како од интернет. Во ред е да пронајдете инспирација на Инстаграм, но дадете и некој свој уникатен детаљ за да не испадне дека копирате тетоважа на друг човек.
- Добро информирајте се. Не сакате на вашето тело да ставите некој митски симбол со негативно значење или пак фраза чие значење не ве опишува вас како во личност.
- Живејте со идејата. Откако ќе одлучите што ќе истетовирате, не правете го тоа веднаш. Почекајте да помине од три месеци до една година за да видите дека тоа навистина го сакате тоа. Речиси секој 6-ти човек со тетоважа сака да ја отстрани.
- Обрнете внимание на стилот. Дури и едноставна роза, може да изгледа сосема поинаку со различни техники за изработка. Размислете дали сакате бои, сенчење итн.
Големина и местоположба на тетвоажа
- Направете поврзаност на големината на тетоважата со делот на телото на кој ја ставате. Тешко е дека голема тетоважа со многу детали ќе може да ставите на зглобот од раката. Или да ставите мала тетоважа на грбот, која ќе изгледа осамено и непривлечно.
- Погледнете ја големата слика. Срце истетовирано на вратот изгледа малку смешно, зарем не? Плус, ако имате дрес код на работа, добро е тетоважата да биде на место, кое ќе можете да го покриете.
- Информирајте се за најболните области. Додека ве тетовираат нормално е дека ќе имате непријатно чувство, но тоа особено е силно во пределот на колената, зглобовите, на прстите и од внатрешниот дел на бутовите.