Кога ништо не е така како што „треба:“ Писмо за миговите кога ви треба утеха

На сите некои денови ни изгледаат сиво и безнадежно, но не смееме да се предадеме на очајот...

koga-nishto-ne-e-taka-kako-shto-treba-pismo-za-migovite-koga-vi-treba-uteha-01.jpg

Писмо кое ќе ви ја врати вербата во самите себе, дури и во најтемните мигови:

Никогаш нема да бидеш совршен/а. Престани да се трудиш. Престани да се обидуваш. Престани да бидеш под стрес.

Нема да успееш да изреализираш сѐ од твојата листа. Фрли ја. Понекогаш мора само да ја стуткаш и да ја фрлиш. Збогувај се со секоја мисла за тоа каде си потфрлил како личност.

Вредиш многу повеќе од тоа што може да се стави на хартија. Имаш многу повеќе што можеш да понудиш од тие потточки на својата листа.

Борбата за перфекционизам е ужасна. Престани да се споредуваш со блогерки или спортисти со извајани тела. Ти си убав/а. Начинот на кој прамените коса ти паѓаат врз лицето. Начинот на кој се смееш е музика за туѓите уши.

koga-nishto-ne-e-taka-kako-shto-treba-pismo-za-migovite-koga-vi-treba-uteha-02.jpg

Твојата позитивна енергија е заразна. Иако не мислиш така, верувај дека имаш допрено до животите на многу луѓе, до срцата на многу луѓе.

Твојата добрина, дарежливост и љубов зрачат од тебе. Ти си несопирлива сила и единствената личност која може да те сопре си само ти.

Не сопирај без разлика на сѐ. Единствениот неуспех е да не се обидеш. Ќе има тешки моменти, но ти си убава душа и животот ќе те благослови со љубов. Имаш огнен дух и чисто срце. Ти си доброто на овој свет, дури и во најтемните денови.

Не дозволувај негативната перцепција на работите да ти го убие духот. Избери среќа и живеј го животот најдобро што знаеш и умееш.

Нема потреба да бидеш совршен/а, само биди тоа што си.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg