Пар стана вирален хит поради „најмалиот свршенички прстен некогаш направен“ (фото)
Парот порача дека љубовта е најважна и им ги затвори устите на „хејтерите“ што го исмеваа нивниот прстен.
Jen Phanomrat и Leo Samanamud се дуо кое стои зад познатиот блог за храна Just Eat Life. Парот, кој е заедно 9 години, неодамна се сврши и кога ја споделија веста на Инстаграм добија наочекувани реакции.
„Му кажав ДА на мојот најдобар пријател“, гласеше описот на фотографијата и наместо коментари со честитки, фановите и пријателите на парот беа фокусирани на големината на свршеничкиот прстен.
„Честитки, но каде е прстенот?, „Бидете среќни, само што ова е најмалиот пристен кој некогаш сум го видела“, „По 9 години партнерот треба да знае барем која големина на прстен носиш“, беа дел од бруталните коментари.
https://www.instagram.com/p/BjrwhsljZbE/?utm_source=ig_embed
Но, Jen на ова врати дека токму таков тип на прстен би си избрала и самата, деликатен нежен златен прстен со мало бисерче, затоа што не носи накит и сака нешто едноставно и минимално.
Таа, исто така, додаде дека најважна е нивната љубов и ситниот детаљ од внатрешната страна на прстенот, каде се изгравирани иницијалите од прекарите кои си ги имаат дадено еден на друг.
„Моето срце се смее секој пат кога ќе го видам тоа, а од мојата Инстаграм објава избришав многу негативни коментари затоа што не сакам говор на омраза на мојот најубав ден.“
С. С. | Црнобело