9 работи кои ги правиме сите постојано, а воопшто немаат смисла

Од „проколнување“ на алармот кога не прикажува доволно часови за спиење до двојна проверка на звукот на телефонот во кино, некои работи сите ги правиме несвесно.

9-raboti-koi-gi-pravime-site-a-voopshto-nemaat-smisla-01.jpg

Луѓето се фасцинантни суштества и сите се различни еден од друг, но во некои работи ние сме комплетно исти.

Работи кои ги прави секоја личност без да сфати:

1. Одново и одново носите одлуки кои знаете дека ќе го иритираат вашето „идно јас“, но сметате дека тоа е проблем на вашето „идно јас“.

2. Секогаш два пати проверувате дали го исклучивте звукот на телефонот на кино или во театар, за секој случај.

9-raboti-koi-gi-pravime-site-a-voopshto-nemaat-smisla-03.jpg

3. Си „доспивате“ уште 10 минути иако знаете дека тоа може да има сериозни последици врз вашата работа или закажана средба.

4. Правите планови на овој начин: Ќе го направам тоа во 18 часот, а кога ќе дојде 18 часот си ветувате дека ќе го направите во 19 часот итн.

5. Станувате многу самоуверени кога готвите, па фаќате брз ритам и на крај во корпата за отпадоци завршува нешто кое сè уште е полно и местото не му е таму.

9-raboti-koi-gi-pravime-site-a-voopshto-nemaat-smisla-02.jpg

6. Оставате храната да ви се олади додека гледате нешто на телефонот, а потоа се нервирате што ви се оладила.

7. Постојано гледате филмови и имате голем број омилени, но кога ќе ве прашаат за препорака не можете да се сетите на ниту еден наслов.

9-raboti-koi-gi-pravime-site-a-voopshto-nemaat-smisla-04.jpg

8. Истото важи и кога ќе ве прашаат за песната која оди на радио, насловот никогаш не ви паѓа на ум.

9. Го „проколнувате“ алармот кога ќе го навиете и ќе ви прикаже дека немате број на часови за спиење, колку што сакате.

9-raboti-koi-gi-pravime-site-a-voopshto-nemaat-smisla-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg