Како два дена викенд да ви бидат доволни за да ги „наполните батериите“?

Викендот е најдобра потврда за старото верување дека времето брзо лета.

kako-dva-dena-vikend-da-vi-bidat-dovolni-za-da-gi-napolnite-bateriite-001.jpg

Па, за да немате чувство дека двата дена ви се малку за одмор и релаксација и за да не ја почнувате неделата со заморот од минатата, погрижете се да ги следите овие совети:

- Максимално искористете ги утрата. Еден час спиење подолго звучи супер, но тоа може негативно да се одрази врз мотивираноста и продуктивноста. Подобро е утринските викенд тренинзи да ви станат навика.

- Избегнувајте го напорното дружење со апаратите за чистење. Најдобро е преку недела да чистите по една работа, за викендот да ви биде слободен.

- Одете во пазарување по храна, наместо облека.

- Испланирајте ги активностите однапред, не чекајте плановите сами да искрснат. Не се потпирајте на блиските и нивниот распоред на обврски, бидејќи така ќе имате чувство дека само го губите времето чекајќи.

- Посетете или договорете кафе со еден човек кој го немате видено одамна. Ако секој викенд обновувате по барем еден контакт, ќе забележите колку нови можности ќе ви се отворат во животот.

- Петокот искористете го за подготовки за понеделникот, наместо во недела вечер да се мразите затоа што во петокот излеговте еден час порано од работа. Исчистете го работното биро, направете листа на обврски и задачи, исчистете го мејлот...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека времето остава белег Од факс машина со скенер користена толку многу низ годините што хартијата ја исе...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg