13 закони од Австралија, по кои поинаку ќе го гледате животот во оваа земја
Преземање акција за да предизвикате дожд
Според законот, во Австралија само личност со посебна дозвола може да влијае на временските услови и да креира облаци со дожд.
Во спротивно ќе добиете казна од 1.000 долари или 1 година во затвор.
Вештерство
Ако ја предвидувате иднината или на кој било начин се занимавате со вештерство ќе добиете казна.
Не смеете да користите магија, дури и да сметате дека е со добра цел. Казната е 800 долари.
Да не внимавате на автомобилот и да го оставите со незаклучени врати
Пред да излезете од автомобилот добро проверете дали ви се заклучени вратите.
Ова невнимание не само што може да ве чини автомобил, односно некој да ви го украде, туку згора на тоа ќе платите и казна од 800 долари.
Пеење непристојни песни пред други луѓе
Никој нема право да пее непристојни песни на јавно место, каде има луѓе на кои не им се допаѓа тоа. Исто така, нелегално е да користите непристојни зборови и гестови во комуникацијата со другите луѓе.
Казната е 10.000 долари или 2 месеци затвор. За повторување на делото казната станува построга, а можете да минете и половина година во затвор.
Летање на змај или играње игри кои ги иритираат другите луѓе
Да, на јавно место, не смеете да летате змај.
И да се одлучите за некоја друга игра, прво добро размислете дали му пречите на некој во близина. Казната е 500 долари.
Тргување со пирати
Законот бил одобрен во 1958 година, но сè уште е на сила.
Секоја личност што ги снабдува пиратите со храна или кова завери со нив прави злодело. Казната е и до 10 години затвор.
Прочитајте и за бизарните закони во Швајцарија, Италија, Кина...
С. С. | Црнобело