Забрането е да умрете, забранети се гумите за џвакање: 10 бизарни закони низ светот
Од забрани за мавање снежни топки до забрани за испраќање шапки преку пошта, законите во некои земји навистина ќе ве изненадат.
Во секоја земја постои по некој чуден закон и забрана. И додека некои се комплетно оправдани, за други ни е тешко да пронајдеме логично објаснување.
Еве ги најчудните забрани низ светот:
Во швајцарското село Бергун забането е да се фотографира
Во мај 2017 беше донесена оваа одлука со објаснувањето: „Научно е докажано дека фотографиите од убавите дестинации на социјалните мрежи ги прават луѓето несреќни. Додека некој ужива и се фотографира таму, многу други ги гледаат тие прекрасни фотографии и се лошо затоа што не можат во моментот да бидат на тоа место.“
Казната за туристите е симболична и изнесува 5 швајцарски франци, а на локалните жители сепак им е дозволено да се фотографираат.
Во Колорадо е забрането да се мавате со снежни топки
Властите во Колорадо сметаат дека фрлањето на снежни топки може да биде опасно како фрлањето на камења, па затоа може да бидете казнети поради тоа.
Во Канада не смеете да се занимавате со „вештерски работи“, освен ако не сте вистинска вештерка
Со други зборови дозволено е да бидете вештерка, но не смеете да се преправате дека сте вештерка. Прашањето е како се докажува ова?
Досега неколку луѓе добиле казни за вакво однесување.
Во Кина забрането е снимање на филмови и серии за патување низ времето
Кинеските власти сметаат дека научнофантастичните филмови се сериозна работа, како и историјата.
Според нив, филмовите за патување низ времето придонесуваат за ширење на фатализам, суеверие и идеи за реинкарнација.
Во Италија забрането е праќање на низа безопасни работи преку пошта
Италијанската листа на предмети забранети за испраќање во странство е многу долга и чудна.
Додека во повеќето земји забраните се сведуваат на оружје и опасни супстанции, во Италија листата вклучува: цвеќиња, овошје, музички инструменти, часовници, шапки, чевли, играчки (освен ако не се направени целосно од дрво), парфеми, кафе, карти за играње итн.