Забрането е да умрете, забранети се гумите за џвакање: 10 бизарни закони низ светот
Во Сингапур е забранет увозот и продавањето на гуми за џвакање
Во 1980-тите години вандалите во Сингапур правеле голема штета со гумите за џвакање. Ги ставале во клучалките, ги лепеле копчињата за лифтовите и поштенските сандачиња.
Исто така, за чистење на улиците од фрлените гуми за џвакање се трошеле многу пари, па затоа бил забранет увозот и продажбата на овој продукт.
Гума за џвакање единствено можете да добиете поради медицински причини со рецепт од доктор.
Во Јапонија работниците не смеат да имаат прекумерна тежина
„Законот за метаболизам“ на вработените Јапонци на возраст од 40 до 75 години им наложува струкот да не им надмине 85 сантиметри кај мажите и 90 кај жените.
Виновниците не добиваат казна, туку се испраќаат на специјални програми за слабеење.
Во јужните делови на Австралија забрането е да нарушите свадба или погреб
Ако на некој начин го нарушите текот на свадбената церемонија или погребот може да добиете казна и до 10.000 долари, како и затвор до 2 години.
Во Германија не е дозволено да стопирате на автопат ако ви снема бензин
Дури и да се најдете во неволја и снемате бензин не смеете да стопирате затоа што на тој начин креирате опасна ситуација на автопатот и може да добиете казна.
За среќа, во Германија постои специјална служба што им помага на возачите во вакви ситуации.
Во норвешкиот град Longyearbyen е забрането да умрете
Во случај некој да е сериозно болен или му се случи незгода тој задолжително мора да биде транспортиран во другите делови на Норвешка.
Но, ако смртта сепак се случи, тогаш починатиот нема да биде закопан таму, туку ќе биде испратен на друго место затоа што условите на земјиштето се лоши и телата тешко се распаѓаат, а тоа може да привлече предатори како што се поларните мечки.
Колку и да звучи чудно, места со ваква забрана постојат и во Франција, Шпанија и Јапонија.
С. С. | Црнобело