5 мисли кои ќе ви помогнат да се разбудите наутро

Фокусирајте се на обврските кои ве очекуваат и, едноставно, кажете на глас „Денес ќе биде прекрасен ден!“ - кои други мисли ќе ви помогнат да се „одлепите“ од креветот наутро?

5_misli_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_nautro_01.jpg

Кој од нас нема никаков проблем со будењето наутро? Најверојатно само 1 од 10 луѓе би рекле дека будењето наутро им оди многу лесно.

За сите останати, будењето за на работа е најомразената активност и многу често една од најтешките работи кои ги правиме преку денот.

И, доколку и вие сте од оние личности кои мразат да се будат кога ќе го слушнат алармот, неколку корисни мисли ќе ви помогнат да се „одлепите“ од вашиот удобен кревет:

Фокусирајте се на времето и обврските кои се пред вас

Доколку помислите да си дозволите уште 5 минути дремка пред да го започнете денот, помислете на сите обврски кои ве очекуваат.

Доколку се сетите дека денот ќе го поминете трчајќи да ги остварите сите замислени работи, можеби 5 минути екстра сон и не се толку добра идеја.

5-misli-koi-ke-vi-pomognat-da-se-razbudite-nautro-02.gif

Помислете на попладневната дремка

Се смета дека кратката дремка во текот на денот е многу корисна алатка за зголемување на продуктивноста. Јапонците често ги мотивираат вработените да ја искористат својата пауза токму за спиење.

Па, кога се мислите наутро дали да скокнете од кревет или не, помислете на 20-минутната дремка и можеби ќе успеете да се мотивирате себеси доволно за да се разделите од перницата.

5-misli-koi-ke-vi-pomognat-da-se-razbudite-nautro-03.gif

5 минути порано се огромен напредок

Само потсетете се дека 5 минути можат да значат многу во текот на денот. На пример, за првпат нема да бидете последниот колега кој влегува на работа или за првпат по долго време ќе појадувате дома наместо да ја чекате попладневната пауза.

Тие 5 минути можат многу лесно да се претворат во 30 и за брзо време ќе успеете да воспоставите здрава навика која ќе ви донесе вишок време.

5-misli-koi-ke-vi-pomognat-da-se-razbudite-nautro-04.gif

Кажете на глас „Денес ќе биде одличен ден!“

Понекогаш сè што ви треба наутро е малку мотивација. Повторувањето на некои реченици и фрази е екстремно корисно за сите.

Доколку некогаш сте прочитале некоја реченица која ве мотивирала, тогаш не заборавајте да ја запишете и користете ја наутро кога се чуствувате како да не можете да се одвоите од креветот.

5-misli-koi-ke-vi-pomognat-da-se-razbudite-nautro-05.gif

Докажете си дека и вие сте еден од успешните луѓе кои се будат рано наутро

Иако досега можеби сте навикнале да си повторувате и себеси и на сите околу вас дека едноставно не сте утринска личност, никогаш не е доцна да ја исправите таа грешка.

Секој од нас е способен за промена, па зошто да не почнеме наутро?

5-misli-koi-ke-vi-pomognat-da-se-razbudite-nautro-06.gif

K. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg