За сите гејмери: 5-те најочекувани игри во втората половина на 2018-та
Во денешно време гејмингот стана професија, најгледани јутjуб видеа се оние на стримерите, а најпосетувани настани се светските гејминг првенства во најразлични игри ширум светот.
Повеќето ќе се согласат дека ова се петте игри кои се најочекувани во гејмерскиот свет за втората половина од 2018-та.
World of Warcraft: Battle for Azeroth
Иако популарноста на оваа игра драстично се намали низ годините, сепак третата најпродавана игра во историјата сѐ уште има премногу обожаватели ширум светот.
Ова ќе биде седмото продолжение на легендарната игра, а во него се очекува враќање кон класиката, преку конфликтите од класичната историја на Warcraft.
Главна карактеристика се очекува да биде додавање на раси од алијансата, со кои ќе треба да добиете право за да играте, како и две нови зони наречени Kul Tiras и Zandalar. Исто така, се очекува нивото на напредок да биде покачено до 120.
Датум на издавање: 14.08.2018
Платформа: PC.
Shadow of the Tomb Raider
Ова е третото и последно реиздание на оригиналната трилогија, каде што Лара Крофт повторно ќе се бори за живот. Во густата јужноамериканска џунгла, таа е опколена од непријатели, а згора на тоа преку некоја од нејзините себични акции, започнала апокалипса.
Подгответе се за размислување, акција и часови фрустрација додека се мачите да ја поминете кампањата.
Датум на издавање: 14.09.2018
Платформи: PS4, Xbox One, PC.
Call of Duty: Black Ops 4
Кој не сака Call of Duty игра?! Буквално сите изданија и продолженија на оваа игра се уметничко дело. Кампањата и приказната овој пат ќе бидат изоставени, што е огромно „коцкање“ од страна на компанијата.
Наместо тоа, ќе има Battle royale мод наречен Blackout (battle royale е најновиот тренд во светот на игрите). Зомби модот повторно се очекува да биде тука, овој пат засилен со AI ботови, кои ќе ги заменат вашите пријатели доколку решите да играте сами.
Мултиплеер играњето ќе донесе неколку специјални ликови и способности од претходната игра Black Ops 3. Black Ops 4 ќе ги следи стапките на Destiny 2 и Overwatch, па ќе биде дел од Battle.net платформата на PC.
Датум на издавање: 12.10.2018
Платформи: PS4, Xbox One, PC.
https://www.youtube.com/watch?v=ooyjaVdt-jA
Red Dead Redemption 2
Долго време им требаше на Rockstar Games да го подготват второто издание на Red Dead Redemption. Оваа игра опфаќа време пред првото издание, а вие играте со Артур Морган, одметник кој е вработен од страна на познатиот негативец Дач ван дер Линде.
Ова е една од ретките игри кои го опфаќаат каубојскиот свет и времето на „Дивиот Запад“.
Датум на издавање: 26.10.2018
Платформи: PS4, Xbox One.
Mount & Blade 2: Bannerlord
Една од можеби најнепознатите игри на оваа листа, која ја чекаме уште од 2012-та. Фановите на Mount & Blade многу добро знаат за што се работи, и со нетрпение и големи очекувања ја чекаат оваа игра.
За оние кои не знаат, станува збор за средновековна акциона стратегија каде што карактерот го гледате во трето лице, а преку најразлични контроли им наредувате на вашите следбеници.
Кога не сте на фронтот, треба да изградите добри односи со локалните моќници како и да ги надмудрите вашите ривали преку подготвување на најразлични тактики, или политички преку најразличните дијалози со владетелите во светот.
Играта се очекува да го опфати периодот пред Mount & Blade Warband, и се очекува да биде далеку подобра и покомплетна од нејзиниот претходник.
Датум на издавање: со Господ напред 2018-та
Платформи: PS4, Xbox One, PC.
еНВи | Црнобело