„Во ред е, можеше да биде и полошо“: 6 начини како да не тонете во депресија
Бидете благодарни и наградувајте се себеси, а кога лоши работи ќе дојдат на сцената кажете дека тоа е во ред и продолжете понатаму.
Многу политика, многу стрес, многу несакани ситуации.... Едноставно животот се случува и не е секогаш розов.
Како да успеете да ја задржите насмевката и да зрачите со позитивна енергија дури и кога бурите ќе натежнат?
Со помош на овие трикови станете попозитивна личност:
1. Водете дневник во кој секој ден ќе пишувате 3 позитивни работи што ви се случиле во текот на денот и 1 најнегативна.
На крајот од седмицата прочитајте го и направете топ листа со 3 позитивни и една негативна, па истото сторете го на крајот од месецот и крајот од годината.
На овој начин ќе почнете да ја барате убавата страна на животот за да имате што да напишете вечерта во дневникот.
Присетувањето на убавите мигови ќе ви биде забава, а присетувањето на негативните ќе ви ги отвори очите дека често сте се нервирале за банални работи. Исто така, ќе сфатите дека и најголемите трагедии по некое време не болат толку многу.
2. Секој ден пронајдете нешто убаво кај некоја личност и дадете ѝ комплимент. На многу луѓе ќе им го разубавите денот, а себеси животот.
3. Обидете се во 99 проценти од случаите кога сакате да кажете нешто лошо, само да премолчите. Така нема тоа да го претворите во голема работа и негативноста побргу ќе си замине од вашиот живот.
4. Секој ден давајте си мали награди на себе. Не чекајте посебна пригода за нов фустан или за парче од омилената торта.
5. Кога ви е тешко, помислете за сите работи кои сте ги научиле, постигнале и за кои сте благодарни во животот. Напишете ги дури и на хартија.
6. Најважно е да бидете присутни во мигот и да го чувствувате животот. Поминете со прстите по вашата кожа и почувствувајте ја нејзината текстура, гледајте како луѓето околу вас работат, трчаат, се бакнуваат, слушајте како птиците пеат, дозволете му на светот сам да ви покаже колку е убав и запомнете дека секој миг се случува само еднаш и никогаш повеќе.
С. С. | Црнобело