11 трикови од супермоделите како да имате неверојатни фотки во бикини
Тежината префрлете ја на вистинската нога
Ако се сликате од страна, најдобро е тежината на телото да ја префрлите на ногата што е подалеку од камерата, за другата нога, што е во преден план, да не изгледа непотребно тензично.
На овој начин бутот што е во крупен кадар ќе изгледа послабо.
Раце на струкот
Рацете ставете ги на најтенкиот дел од струкот. Но, тоа нека ви бидат лабави за да не изгледа дека намерно се прекривате и сте стегнати.
Нозете поставете ги под агол
Наместо само да легнете на стомак, нозете поставете ги под агол така што ќе дојдат до израз и ќе изгледаат подолго и поелегантно.
Поза одзади
Застанете под агол, грбот исправете го и благо свиткајте ја ногата што е поблиску до камерата. На овој начин задникот ќе ви изгледа подобро.
Раце во движење
Со рацете најчесто немате што да правите и тие како визуелно да го прошируваат долниот дел од вашето тело, затоа најдобро е да ги поставите околу струкот или за време на позирањето да си играте со косата со нив.
С. С. | Црнобело