11 трикови од супермоделите како да имате неверојатни фотки во бикини
Тешко дека ќе успеете да имате успешни фотки во бикини како супермоделите на кои токму тоа им е професија, сепак можете да украдете некој трик од нив.
Дали ја отворивте „сезоната за плажа“ годинава? Дали веќе направивте некоја фотка во бикини?
Како да изгледате одлично на ваков тип фотки, на кои се забележува и најмалата мана на вашето тело?
Во светот на модата позирањето во бикини е цела наука. Моделите имаат трикови како да изгледаат најдобро што можат на овие фотосесии.
Едноставни трикови од супермоделите со кои ќе изгледате одлично на фотките во бикини:
Едната нога пред другата
На овој начин визуелно ќе ги издолжите нозете и ќе ги нагласите колковите.
Вистинска позиција на главата и брадата
На сончевата светлина навалената глава може лесно да ја расипе фотографијата. Наместо ова со исправена глава и малку подигната брада вашиот врат ќе изгледа мазно и елегантно.
Ротирајте го телото
Вистинскиот агол ќе направи да изгледате послаби. Позирањето строго свртени напред визуелно ќе ви ја направи фигурата пократка и поширока.
Не ги кријте стапалата
Ова е класична поза за моделите и ќе ја видите во многу каталози. Дозволува фокусирање на струкот и на бикините.
Ако позирате вака стапалата приближете ги едно до друго за да не се изгубат на фотографијата.
Исправете го грбот
Подгрбавената поза не е добар избор за фотографија. На овој начин ви се истакнува стомакот и не изгледате самоуверено.
Една нога на страна
На овој начин визуелно ќе ги продолжите нозете. Ногата издадете ја на страна и благо свиткајте го коленото.