7 знаци дека сте родени за нешто многу повеќе отколку што мислите
Дали понекогаш имате чувство дека сте родени за големи нешта? Вашиот потенцијал не може да се искористи во типичното работното време „од 8 до 4?“
Имате постојана желба самите да сте креатор на вашата судбина? Запрете тука.
Вие едноставно сте создадени за нешто поголемо одошто мислите дека сте. Вие сте некој кој сонува, но истовремено и остварува.
Но, дали патеката до исполнувањето на соништата е послана со рози? Со сигурност не. Секогаш има препреки, а неретко се откажуваме при првата.
Најважно е да ја дефинираме целта, а потоа да го утврдиме начинот на остварување на истата. Понекогаш исполнувањето е мачно, долго, тешко.
Но, потребно е да веруваме во себеси. Да не се откажуваме никогаш.
Како може да откриете дали сте еден од оние луѓе кои „доколку сакате нешто доволно силно, целиот Универзум ќе се потруди да ви се исполни желбата?“
1. Не можете да работите за други луѓе
Родени сте да бидете водач, а не следбеник во толпа луѓе. Имате одлични идеи и верувате дека истите може да направат промена во светот.
Кога работите за некој друг се чувствувате како да ви се скратени крилјата. Како да ви ја цедат креативноста, енергијата, флексибилноста и слободата.
Се чувствувате незадоволно. Постојано копнеете да ги проширите хоризонтите и едноставно – да полетате.
2. Го одложувате завршувањето на работите додека не почувствувате инспирација
Недостатокот од инспирација ве држи во „мртва точка“ или ве враќа назад. Во најголем дел од времето вие прокрастинирате.
Тоа е типично однесување што се одликува со одложување на обврски и задачи за подоцна.
Ова ви се случува затоа што немате инспирација и не сте доволно мотивирани за обврските и задачите кои ви се наметнуваат, наместо да го правите она што вистински го сакате и во кое сте најдобри.
3. Како дете мислевте дека сите кои работат канцелариска работа се луди
Му се чудевте на вашиот татко како секое утро облекува костум, врзува вратоврска, оди на работа „врзан“ 8 часа за бирото и си доаѓа дома несреќен, уморен и тажен.
За вас, рутината е убиствена работа. За вас облекувањето костум е безумно, бидејќи сметате дека оној кој има квалитети ќе ја заврши работата беспрекорно во кратко шорцови и босоног.
Слободата е нешто со кое не правите компромис, едноставно мора да ја имате.
4. Толку си ја сакате работата што понекогаш би ја работеле и бесплатно
„Доколку си добар во нешто, никогаш не прави го џабе“. Колку и да е реална оваа изрека, вие припаѓате во онаа група на луѓе што толку многу си ја сакаат работата, па неретко сработуваат и нешто без пари.
Зошто? Затоа што уживате, затоа што тоа ве прави среќни. Вашата цел во животот е многу повеќе од само пари.
5. Идеалист сте и нема да сопрете додека не го видите светот во поубаво светло
Верувате дека светот е едно прекрасно место за живот. Потребно му е само малку помош, мало „разубавување“ и „поправка“ на одредени места.
Луѓето ве гледаат цинично со потсмев на лицето, бидејќи вашиот ентузијазам и идеализам ги зачудува.
Но не се предавајте никогаш. Да се биде идеалист во еден „скршен“ свет како овој, потребна е храброст. Вие сами го креирате светот и животот, а останатите може само да ве следат.
Надежта и оптимизмот се секогаш убава работа.
6. Имате силна интуиција и не се плашите да ја следите
Понекогаш ви е навистина тешко да ги објасните своите одлуки, но ретко кога вашето внатрешно гласче греши.
Тоа тлее во вас, ве води во најкритичните моменти, а вие сте храбри, го слушате и постапувате согласно сопствената интуиција.
Не се плашите да ризикувате, а тоа најчесто се исплатува многукратно.
7. Имате силни емоции за секој аспект од животот
За работата, за љубовта, семејството, за пријателите. Секој аспект од вашиот живот е силно обоен со емоции, а тоа е навистина ретка, но добра работа.
Начинот на кој ги чувствувате и уживате во нештата е уникатен, а овие чувства ве прават посилни и ве водат поблиску до целта.
Немојте никогаш да дозволите да ви ги згазат, во нив се крие вашата сила.
- За крај, запаметете дека никогаш не е доцна.
- Зафатени сме со сивилото наречено „реалноста на животот“, па забораваме да сонуваме. Полека умираме длабоко во себе.
- Доколку верувате во себе и сопствениот потенцијал и сметате дека може да го промените светот, преземете чекор поблиску до исполнувањето на вашите соништа.
- Бидејќи ве спречува само едно нешто–вие самите.
(О)Милена | Црнобело