6 работи кои е подобро да ги оставите таму каде што сте ги нашле

Преполн паричник, убав златен прстен, златна паричка или модерни слушалки кои ви одговараат на вашиот смартфон – сите овие работи е подобро да не ги подигате од земја, доколку случајно ги најдете на улица.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-001.jpg

Важно е да размислите за последиците и опасностите, а не да реагирате инстинктивно.

Издвојуваме неколку предмети кој е подобро да ги оставите таму каде што сте ги нашле:

1. Паричник

Дури и ако намерата ви е најдобра, паричникот повторно да стигне кај сопственикот, помислете на ризикот во кој може да се ставите.

Доколку паричникот бил украден, вие може да бидете една од осомничените личности.

Најдобро е да се јавите во најблиската полициска станица и да им го објасните случајот, додека сте на местото до паричникот.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-01.jpg

2. Скап накит

Никој намерно не остава златен прстен среде улица, секогаш има приказна зошто тој е таму. Бидете претпазливи со скап накит на кој ќе ги оставите отпечатоците штом го допрете.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-02.jpg

3. Слушалки

Природно е да се згадите од помислата да користите туѓа четка за заби или пешкир, но истото би требало да се случи и кога ќе најдете слушалки за на уши.

Слушалките се преполни со бактерии кои живеат во ушите, па сигурно не сакате да ги делите истите со оние на претходниот сопственик.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-03.jpg

4. Нож или други остри предмети кои може да бидат искористени како оружје

Ако не сакате да си навлечете проблем со законот, подобро е да не подигате никакви предмети од земјата кои може да имаат улога на оружје.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-04.jpg

5. Игли и безопасни

Ако најдете остар предмет како игла или безопасна, не брзајте да ја подигнете и разгледате. Нема да откриете ништо значајно, а може само да се повредите.

Боцкањето со предмет кој не знаете какви бактерии и зарази има на него, може да биде извор на многу болести. Затоа, одолејте ѝ на желбата да го допрете.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-05.jpg

6. SIM картички

Ова е најлесниот начин „да ги преземете гревовите на претходниот сопственик“.

Затоа, колку и да сакате да помогнете, подобро е да не ја ставите картичката во мобилен телефон и да барате контакти кои може да ги повикате.

6-raboti-koi-e-podobro-da-gi-ostavite-tamu-kade-sto-ste-gi-nasle-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg