Сè што мислевте дека е невозможно - веќе постои во Дубаи
Дали сте знаеле дека во Дубаи има ски патека во склоп на трговски центар или дека се организираат трки со роботи?
Дубаи е еден од најбрзорастечките градови во светот и таму има работи кои не постојат на ниту едно друго место на светот.
Интересни факти за Дубаи:
Полицијата се вози со многу луксузни автомобили
Полицајците понекогаш се возат во Aston Martin, Ferrari , Mecedes за да може да фатат некој криминалец доколку бега со брз спортски автомобил. Плус, овие автомобили се доказ за престиж.
77% од популацијата се доселеници
Само 23% од луѓето на Дубаи се од Обединетите Арапски Емирати. Повеќе од работниците кои градат згради се од Пакистан, Индија и Бангладеш.
Има луѓе од сите делови на светот, меѓу кои и од Македонија, но стандардот на живеење на доселениците значително е полош.
Жителите на Дубаи не плаќаат даноци
Нема даноци и може да се живее богато, но сепак постојат одредени лиценци и дозволи за кои треба да платите.
Регистрацијата на компанијата мора да се обновува годишно на пример и тоа чини голема сума.
Дубаи е меѓу најбрзорастечките градови
За само 3 години во Дубаи беа комплетирани 42 метро станици. Кружи податок дека 20% од сите кранови на Земјата се токму во Дубаи.
Градот го гради најголемиот забавен парк на планетата Dubaiand.
Во Бурж ал Араб има доволно злато за да се покријат 46.265 слики од Мона Лиза
Ова е еден од најлуксузните хотели во светот и неговиот ентериер е вчудовидувачки.
Трки со роботи камили
Во Дубаи наместо традиционалните трки со камили сега роботи луѓе јаваат камили роботи и ова е претворено во мулти-милионски бизнис.
На овој начин се постигнува поголема брзина и интензитетот и страста при гледањето на трките се поголеми.
Ќе биде изградена област под купола, 2 пати поголема од Монако, каде ќе се контролира климата
Во оваа ареа со хотели, паркови, театри и трговски центри се очекува секојдневно да минуваат по 200.000 туристи. Ќе биде под купола и компјутерски ќе се регулира температурата.
Во Дубаи има ски ресорт на затворено
Во најголемиот шопинг центар во Дубаи можете да скијате на ски патека, да влезете во пештера од мраз и да се забавувате на низа други начини.
Прочитајте и 11 факти за луксузниот живот во Дубаи, кои всушност се лажни!
С. С. | Црнобело