11 факти за луксузниот живот во Дубаи, кои всушност се лажни

За овој мега град кружат многу приказни, но дел од нив како тоа дека е еко град на милијардерите не се вистинити.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-001.jpg

Шеици, милионери, планини од злато и дијаманти, модерни јахти и гепарди како домашни миленици, како и нафтени извори во секој двор и стотици хареми во радиус од еден километар е нашата замисла за Дубаи.

Сепак работите во реалноста не се баш такви и постојат многу лажни верувања за овој мега град:

Главен град на милијардерите

Во светот има околу 5.000 милијардери, а во Дубаи живеат само околу 20.

Всушност, главен град на милијардерите во светот е Пекинг, а веднаш по него е Њујорк.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-01.jpg

Нема сиромашни луѓе во Дубаи

Тука има огромен број на мигранти од Индија, Пакистан, Филипини, Индонезија, односно огромен број на сиромашни луѓе.

Работник зема плата од 200 до 250 евра, а најмалата претплата од мобилен оператор е 25 евра. Животот таму е скап и многумина живеат и по 5 луѓе во една мала соба.

Одлично место за одгледување деца

Повеќето доселеници ги оставаат своите деца во родните земји затоа што не можат да плаќаат за нивното образование. Учењето во обично училиште чини 85.000 евра за 11 години, а за универзитетската диплома потребна е вртоглава сума.

Тешката топла клима, исто така, не придонесува многу за добар развој на децата, затоа што слободното време наместо надвор, тие го минуваат во соба со клима уред.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-04.jpg

Дубаи е земја

Ова е најголемиот парадокс. Дубаи е само град во Обединетите Арапски Емирати, на кои главен град е Абу Даби.

Вкупно има 7 емирати во Обединетите Арапски Емирати, со различни владетели - шеици. Дубаи е најгусто населен.

Нема алкохол

Алкохолот е дозволен за туристите и за оние што не се Муслимани. За да купите алкохол потребна ви е специјална картичка или туристичка виза.

Во алкохолни пијалаци можете да уживате речиси во сите хотели, барови и ноќни клубови.

Дубаи е еко град

Поради брзиот раст на популацијата, константната изградба, недостигот на природни извор на вода, промените во природниот пејзаж поради архитектонските објекти и огромниот број автомобили, Дубаи не може да се нарече еко град.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-06.jpg

Времето е секогаш убаво

Во пролет и лето, температурите достигнуваат и до 48 °C, а да не ја споменуваме огромната влажност на воздухот.

Небото често е сиво поради огромната количина на прашина и песок во воздухот. Но и што друго може да се очекува од пустинска клима?

Дубаи има одличен стандард на живот години наназад

Од овој факт може да се изненадите. Емиратите се споија во 1971 година, па Дубаи е многу млад град кој динамично се развива и продолжува да восхитува со своите иновации, како и напредокот во финансиите, технологијата и туризмот, но сепак е навистина млад град.

Полицијата вози само луксузни автомобили

Цел свет зборува за полицијата која знае да се појави на улиците во Дубаи во бесни автомобили како Ламборџини и Бентли. Но таму како полициски автомобили може да видите и некои „постари“ модели како BMW, Ауди, па дури и Тојота.

Инаку полицијата мора да има во гаражата неколку супер брзи автомобили затоа што граѓаните имаат спортски автомобили, па во случај на потера да може да се носи со нив.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-03.jpg

Гепардите и лавовите им се домашни миленици

Чувањето на диви егзотични животни во Дубаи е прекршување на законот.

Ако донесете гепард или лав младенче на улица, тогаш ќе се соочите со 6 месеци затвор и парична казна од 2.300 евра, па нагоре. Повеќето локални жители чуваат мачки, додека кучиња не сакаат многу.

Сè е е автоматско

Во овој град има технологија на секој чекор: климатизација на автобуските постојки и банкомати, полициски роботи, метро на аеродромот.

Но, од друга страна, недостасува едноставен систем на канализација во многу области, а мал дожд го парализира животот во градот.

11-fakti-za-luksuzniot-zivot-vo-dubai-koi-vsushnost-se-lazni-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg