10 работи по кои престанувате да трчате во моментот кога ќе созреете
Не се созрева преку ноќ и не се станува силен после првото разочарување или лошо искуство.
Но со годините, откако правта „ќе легне“ и драмата ќе стивне, сфаќате дека немате повеќе 16 години.
Одеднаш, се будите едно утро и сфаќате дека навистина не ви е толку многу гајле, ниту пак ви е дојдено до тоа да трчате по:
МАЖ
Кога сте поминале многу премрежија, ментално сте силни и емоционално созреани, свесни сте дека нема потреба да трчате по кој и да било маж. Едноставно оставате работите да се одвиваат природно.
Ја знаете својата вредност и нема да се задоволите со никакви трошки.
ЉУБОВ
Нема никаква потреба да се трча по љубовта. Потребно е само срцето да ви биде отворено за неа и таа ќе дојде. Кога сте доволни зрели сфаќате дека не е крај на светот доколку некој не ве сака. Важни се само оние коишто вистински ве сакаат.
ЛУЃЕ
Чувствувате дека константно вложувате напор за одредени луѓе, а тие не ви возвраќаат ниту половина со почит и внимание?
Во еден момент едноставно сфаќате дека не се доволно вредни и нема потреба повеќе да се трудите околу нив. Без разлика дали се работи за фамилија, пријатели или колеги, доколку тие не сакаат да бидат со вас, нема зошто вие да сакате да бидете со нив.
ОДОБРУВАЊЕ
Во одредени периоди од животот сите сме во потрага по одобрување и потврдување на нашата вредност. Од родителите, од дечковците, од пријателите, од шефот.
Но стигнувате до точката каде што знаете точно колку вредите. Одеднаш, не е важно ниту едно туѓо мислење кое се однесува на вас, освен вашето сопствено за себе.
НЕШТО ШТО НЕ СТЕ
Во минатото сте следете некои модни правила, сте слушале музика која можеби и не ви се допаѓа поради некој друг или пак сте биле принудени да одите некаде каде што не сакате да бидете.
Денес, тоа е само далечен спомен. Нема потреба да се преправате дека сте нешто што не сте – доволно сте мудри и зрели и знаете подобро.
ПАРИ
Силните зрели девојки не трчаат по пари. Тие се фокусираат на себеси, на внатрешното јас и личниот развој, бидејќи знаат дека здравјето и умот вредат многу повеќе од парите.
Тие инвестираат во себеси, не во материјални нешта.
СРЕЌА
Веќе одамна не ја „бркате“ општоприфатената дефиниција за среќа. Среќата е субјективна и различна за многумина. Она што го усреќува некој друг, можеби ве унесреќува вас.
Созреаните жени уживаат во работи кои се предизвикувачки, значајни, прекрасни и вредни за трошење време. Среќата си ја дефинираат самите, не според некој точно утврден шаблон или шема.
УСПЕХ
Вие не трчате по успехот по секоја цена, туку го привлекувате на тој начин што секојдневно се подобрувате. Како ментално и емотивна созреана жена не бркате имагинарни виножита или грне со злато. Работите напорно и очекувате успех бидејќи знаете дека сте го заслужиле.
СОВРШЕНО ТЕЛО
Да, сите сме ги поминале овие фази во животот. Не можам да каснам од тортата, на диета сум. Не смеам да носам бикини, имам „спојлери“ околу стомакот.
Кога еднаш конечно ќе созреете ќе сфатите дека совршеното тело не е ништо повеќе од ретуширан фотошоп, обична илузија и маркетинг кој има цел да направи да се чувствувате мизерно.
Но денес знаете подобро. Вие сте убави, прекрасни, силни. И не трчате по совршеното, туку тежнеете да имате здраво тело.
СОВРШЕН ЖИВОТ
Модерното општество е опседнато со перфекција во секој поглед и не бира начини и средства како да стигнеме до сето тоа. Совршениот дом, автомобил, семејство… совршениот живот во принцип не постои.
Тој е илузија, лага испечатена во книгите и проектирана на филмското платно. Совршен живот е всушност оној несовршениот којшто го имате, но знаете дека е автентичен и само ваш, а вие сте онаа која цврсто ги држи конците од истиот во своите раце.
(О)Милена | Црнобело