14 работи кои ќе направат веднаш да се чувствувате подобро

Оддалечете се од сè што ви причинува болка и ви враќа лоши спомени, време е за реализирање на желбите.

 14-raboti-shto-kje-napravat-da-se-chuvstvvuate-podobro-instantno-01.jpg

Животот не е утре, ниту во понеделник, ниту за 10 години од сега... Животот е сега и тука.

Преземете контрола над него и живејте го со полн здив.

Работи кои ќе направат да се чувствувате подобро инстантно:

- Земете голема вреќа за ѓубре и исфрлете од вашиот дом сè што не користите или ви буди болни спомени.

- Отследете ги од социјалните мрежи сите што ве прават несреќни.

- Доста позирате и додавате ефекти на фотките за на Инстаграм. Вашиот живот е доволно интересен за да уловите некоја забавна ситуација.

- Правете месечен буџет и секој ден запишувајте на што трошите. Со заштеденото купете си нешто што одамна го сакате.

- Избришете ги телефонските броеви на луѓето со кои не сте во контакт со години.

- Подобрете го здравјето со повеќе вода, тренинзи и здрава исхрана.

14-raboti-shto-kje-napravat-da-se-chuvstvvuate-podobro-instantno-02.jpg

- Купете си некоја нова забавна книга.

- Средете го вашето CV барајте подобро платена работа.

- Кога некој е дрзок кон вас, културно посочете му дека го чувствувате тоа.

- Навечер подготвувајте си што ќе облечете за на работа, утрата ќе ви течат како подмачкани.

- Кога некој ви недостига, направете конкретен план за средба со него.

- Имајте секс почесто.

- Посветете им време на луѓето што ги сакате.

- Напишете си листа со желби и потоа трудете се да си ги изреализирате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg