Забавата на мажите кои се деца до 40 години, па и повеќе
Општо е познато дека детството на мажите трае околу 40 години (понекогаш и повеќе).
За ова детство да биде среќно, потребни се многу пријатели и уникатна забава. Доколку не сте тип кој сака да излегува по дискотеки и кафичи, ова се неколку идеи за реализација на среќното детство преку викенд другарување. Сѐ што ви е потребно се добри другари кои имаат слични интереси со вас и желба за забава.
Доколку имате конзола за играње, тогаш супер! Ако не, потребен ќе ви биде HDMI или VGA кабел за да го поврзете вашиот компјутер со телевизорот, и неколку контролери.
1. Доколку сте фанови на фудбалот, FIFA, PES и Football Manager може да ја одржат забавата на високо ниво преку играње на турнири и најразлични натпревари.
2. За фановите на кошарката, тука се неверојатните NBA 2k и NBA live. Личен совет е да се игра 3 на 3 модот, каде што секој од вашите пријатели контролира по еден играч.
3. Можеби најголем избор има за тепачите, одберете една од најновите Mortal Kombat, Teken или Street Fighter, или пак, ако сте фан на аниме и филм, Marvel, Dragon Ball, Naruto Shippuden ќе го одржат адреналинот на високо ниво. За фановите на пореалистични тепачки тука се UFC и WWE 2K.
4. За ЛАН забава која ќе ве врати назад во времето, кажете им на своите пријатели да понесат лаптопи и пресметајте се во по некоја партија Counter Strike, Half Life, Unreal Tournament или со играње на најразличните сценарија на War Craft 3.
5. За фановите на американскиот фудбал, NFL е повеќе од доволна.
Доколку пак вашето друштво не сака да „гејма“ пред телевизор, набавете друштвена игра и „гејмајте“ аналогно. Постојат илјадници видови на друштвени игри во светот, и треба да си одберете која највеќе ви прилега.
Вие кои немате вишок буџет, не грижете се, има решение и за вас.
1. Доколку имате барем еден во друштвото што има играно Dungeons & Dragons, сѐ што треба да направите е да го убедите да ви биде „game master”. D&D е игра која не бара многу; потребни ви се само коцки од најразлични големини и листови на кои ќе го запишувате карактерот. Во играта е можно сѐ, доколку коцката го дозволи тоа.
2. Мафија - за оваа игра ви се потребни неколку карти кои ќе ги симболизираат градот, мафијашите, полицаецот и докторот.
3. Погоди кој сум – За оваа игра е потребна само вашата имагинација и креативност.
4. Пантомима – Потребни се лист и пенкало за да се запишуваат поимите.
5. Доколку барем еден од вашите пријатели има смартфон, симнете една од неколкуте видови на Heads Up, и играјте на поени поделени во групи.
Напомена: за овој рецепт пожелно е вашата девојка/сопруга да не е дома, за да не настрадате поради кревањето галама.
еНВи | Црнобело