Ништо не е така како што изгледа: 6 неверојатни психолошки факти

Ги сакаме тие што нè игнорираат, покреативни сме кога сме уморни и правењето на работи кои нè плашат нè прави посреќни.

nishto-ne-e-taka-kako-shto-izgleda-6-neverojatni-psiholoshki-fakti-01.jpg

Нурнувањето длабоко во човековиот ум, однесувања, мисли и чувства е навистина фасцинантна работа.

Тоа ни помага полесно да се разбереме себеси, но и другите.

Неверојатни психолошки факти:

Нашиот мозок подобро извршува креативна работа кога е уморен

Логично е да е обратно, но не е. Идеи летаат токму кога сме уморни и сакаме да се релаксираме затоа што тогаш не ги контролираме толку нашите мисли.

Едноставно го пуштаме нашиот ум да фантазира.

Ги игнорираме тие што нè сакаат и ги сакаме тие што нè игнорираат

Магнетски нè привлекуваат луѓето што не ни обрнуваат внимание, дури и се опседнуваме со нив.

На луѓето во природата им е да сакаат да го имаат тоа што не можат. Според истражувањата, одбивањето е поврзано со мотивацијата, наградата и зависноста. Зарем не е иронично?

nishto-ne-e-taka-kako-shto-izgleda-6-neverojatni-psiholoshki-fakti-02.jpg

Нашите одлуки се порационални кога размислуваме на друг јазик

Кога носиме сериозни одлуки, најчесто чувствата ни се вплеткуваат во тоа. Како да не можеме да избегаме од нив и тие ни влијаат на рационалното размислување.

Размислувањето на друг јазик ни носи повеќе логика затоа што ги тргаме емоциите на страна.

Правењето работи кои нè плашат нè прави посреќни

Излегувањето од комфорната зона и пробувањето на нови, возбудливи и застрашувачки работи е тајната на среќата. Колку повеќе се осмелувате да сторите нешто, толку ви е поголема самодовербата.

Психологијата вели дека стравот е забава, па предизвикајте се.

nishto-ne-e-taka-kako-shto-izgleda-6-neverojatni-psiholoshki-fakti-03.jpg

Ако зборуваме за нашите цели, помала е веројатноста дека ќе ги постигнеме

Ако сакате да успеете, не кажувајте никому. Поставувањето на целта е значајна работа, но кога зборувате за неа стравувате за резултатот во иднина и чувствувате притисок.

Бидете мистериозни и не кажувајте кон што целите.

Можете да ги контролирате соништата

Замислете дека сте заробени во сон и чувствувате дека нема како да побегнете. Единственото решение е да летате, па летајте.

Без разлика колку и да ви звучи чудно, вие сте свесни и можете да ги контролирате соништата. Секој има потенцијал да го стори тоа, само треба да бидете смирени и фокусирани.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg